Свет
Во самоубиствени напади 16 загинати во Пакистан
Во два одделни самоубиствени напади со автомобили бомби се убиени најмалку 16 а ранети според псоледните податоци најмалку 150 лица во северозападен Пакистан во саботата
Нападите доаѓаат само неклку дена откако талибаните најавија дека ќе ги интензивираат самоубиствените напади како одговор на притисокот од офанзиваа на армијата.Во овој дел од Пакистан кој е главно ридско-планински терен и се протега долж границата со Авганистан, владата има малку контрола и него талибаните го користат за сокривање на борците кои се потиснати од американската офанзива во Авганистан, како и бази од каде се планираат нападите на исламистичките милитанти во двете држави.Едната бомба била активирана пред банка во Пешавар во која војниците ги подигнувале платите. Во овој напад загинале најмалку шест лица, а многу повеќе биле ранети, потврди утрово полицискиот началник Ликват Али Кан.Репортерот на Associated Press пренесува дека на местото на настанот имали повеќе возила уништени од експлозијата, а имало и многу парчиња стакло од блиските излози. Најголем дел од жртвите се клиенти на банката, но има и меѓу случајните минувачи. „Во автомобилот најдовме делови од човечко тело, што ги потврдува нашите сомневања дек станува збор за самоубиствен напад.“, изјавил говорителиот на полицијата во Пешавар, Алик Шефкат. Вториот самоубиствен напад се случил во близина на полициската станица во провинцијата Бану, рано утрото во сабота. При експлозијата загинале најмалку осум лица, а според полициски извори имало повеќе од од стоина ранети. Таллибаните веднаш ја презела одговорноста за овој напад. Пред два дена талибаните најавија дека се подготвени да извршат повеќе самоубиствени напади во регионот, откако со офанзива на пакистанската армија беа исчистени од Долината Сват. Кари Хусеаин Мехсуд еден од специјалистите за тренинг на талибанските бомбаши самоубијци во интервју на тајна локација во Северен Вазиристан за AP, во четвртокот предупреди на зголемување на бомбашките напади. Неколку часа подоцна американските летала ја ракетираа таа област при што загинаа 12 лица. „Имамо деоволно бомбаши самоубијци кои ме прашуваат дали да ги жртвуваат животите во слава на исламот, но ние ќе испратиме само ако валдата продолжи со нападите врз нас“, рекол Мехсуд. Тој денеска се јавил до агенцијата да ја преземе одговорноста за нападот на полициската станица – „Ние го прекинавме молќењето откако валдата не го разбра примирјето со нападите, па отсега ќе има побеќе самоубиствени напади“, се заканил Махсуд, кој ги повикал цивилите да се држат што подалеку од полициските и воените институции. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.