Свет
Август најсмртоносен за цивилите во Авганистан
Насилството пред претседателските избори го направи август најкрвавиот месец, кога се имаат предвид цивилните жртви соопштија ОН во новиот извештај во кој се предупредува дека тоа може да се повтори при соопштување на резултатите
Вкупно 1.500 цивили се загинати во Авганистан во периодот од јануари до август годинава, се посочува во извештајот што Обединетите нации го објавија доцна вечерта во петок. Во извештајот не е утврдена бројката на жртвите за август, но се нагласува дека бил со најмногу цивилни жртви во 2009 г, откако талибаните ги интензивираа нападите врз цивилни цели со цел да го заплашат населението да не излегува на претседателските избори кои се одржаа на 20-ти август. Извештајот на ОН содржи и забелешка дека во акции на коалициските сили загинале најмалку четвртина од вкупната бројка цивилни жртви годинава, најмногу во воздушни напади. Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генерал Стенли Меккристал како приоритет го посочува грижата за безбедноста на авганистанските цивили.Според податоците на американските медиуми, во август биле загианле 174 цивили, а 165 од нив се убиени од милитантите. Најкрвавиот напад се случи на 25 август кога во експлозија на камион бомба во градот Кандахар загинаа 43 цивили. „Во однос на бројката на безбедносните инциденти во кои страдаа цивили, ова досега е најголемата“, изјави претставникот на ОН во Авганистан, Адријан Едвардс. Имено, според податоците на ОН, во првите осум месеци минатата година загинале 1.145 цивили, а во целата 2008 г. – 2.118, што е досега најголема бројка цивилни жртви. Годинава е воопшто најкрвавата од почетокот на војната и а за американските и другите војски во составот на НАТО. Аналитичарите забележуваат дека овие бројки се должат ан тоа што талибаните ги проширија дејствијата и во регионите кои претходно беа релативно помирни откако во 2001 г. САД извршија инвазија во Авганистан за соборување на фундаменталистите од власт кои и даваа засолниште на Ал Каеда и Осама Бин Ладен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.