Свет
Медведев и натаму во сенката на Путин

Русите сметаат дека најважната политичка личност во нивната држава е премиерот Владимир Путин, во чија сенка и натаму е неговиот наследник на претседателската функција Дмитриј Медведев, според анкетата објавена денеска
Анкетата е објавена речиси еден месец по изјавата нa Дмитриј Медведев во која ја критикуваше големата корупција, кршењето на човековите права и други состојби во руското општество. Тоа, особено на запад, беше протолкувано како промоција на сопствена автономна визија за Русија и обид да се излезе од сенката на Владимир Путин кој буквално го избра за свој наследник на претседателската фунцкија.Според анкетата, Русите не веруваат дека Медведев води своја политика и дека успал да има создаде свој центар на моќ, од стапувањето на чело на државата во август 2008 г.Дури 67 отсто од испитаниците рекле дека Путин и неговите соработници решавачки влијаат врз политиката што ја спроведува Медведев. Само дваесет отсто од Русите сметаат, пак, дека претседателот води самостојна политика.Анкетата ја спровел независниот центар за истражување Левада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Абазовиќ: Оние кои сакаа да ми ја „скинат главата“ нека побрзаат

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, го повика Специјалното државно обвинителство (СДТ) да ги истражи наводите објавени од порталот „М“, според кој од членови на еден од најозлогласените криминални кланови на Балканот бара да му набават четири шифрирани телефони.
„Го повикувам СДТ да ги истражи сите небулозни обвинувања поврзани со моето име, објавени од квази портал кој има задача да ја спроведе највалканата кампања против мене во наредниот период, слична на онаа во август 2020 година. Верувам дека на сите им е јасно од каде доаѓа ова и дека кругот се стега околу криминалните структури блиски до одредени политички групи во рамките на ДПС, чија цел е да ја дестабилизираат Црна Гора за да ја зачуваат нивната финансиска моќ, но уште поважно за нив, да се избегне правдата“ рече Абазовиќ за „Телеграм“.
Тој рече дека стои на располагање на државните органи за секакви појаснувања.
„Истовремено, ги повикувам да побрзаат оние кои имаа намера да ми ја `скинат главата`. Дури и да успеат во својата криминална намера, нема да ја сопрат раката на правдата. Сè е уредно сочувано и складирано таму каде што треба. Се радуваме на се што следи“ – изјави Абазовиќ.
Регион
Пожарот кај Бар под контрола, огнот кај Котор се доближил до куќите

Пожарот кај Црвена плажа во Бар е ставен под контрола, изјави заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на Црна Гора, Ацо Вулетиќ, посочувајќи дека две лица се повредени кои помагале во гаснењето. Во меѓувреме избувна пожар кај Котор, а пожарот над Каменар го гаси хеликоптерот на МУП.
Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување Котор, Едуард Ковачиќ за Радио Котор изјавил дека на таа локација се испратени сите расположливи противпожарни сили и дека помош даваат и членовите на Доброволното противпожарно друштво „Богољуб Брезиќ“ од Пераст.
„Пожарот се доближи до куќите, но засега ситуацијата е под контрола“, рекол Ковачиќ.
Во моментов, освен во Дражин врв, активни пожари има и во Костањица, Мориње и Бијела, како и во пожарното подрачје над Каменар.
„Станбените згради во оваа област не се загрозени“, рече Ковачиќ.
Пожарот над Каменар во моментов се гаси од воздух со противпожарен авион од типот „Ер Трактор АТ-802“ на МУП на Црна Гора, бидејќи хеликоптерите ВЦГ кои вчера ги гаснеа пожарите во Бока утрово се пренасочени на гаснење на големиот пожар меѓу Сутоморе и Бар.
Големиот пожар кај Бар е ставен под контрола, пренесуваат тамошните медиуми.
„Нашите екипи се се уште на терен и ги држат под контрола граничните рабови на пожарот. Куќите се безбедни, луѓето се безбедни, нема материјална штета на објектите. Пожарникар и граѓанин се полесно повредени, нивната состојба е стабилна“, изјавил Вулетиќ.
Сообраќајот од Шушње кон Сутоморе е повторно воспоставен, јавува РТЦГ и потсетува дека во средата поголем пожар ја зафати областа над Црвена Плажа меѓу Бар и Сутоморе.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени хеликоптери на Армијата на Црна Гора.
Вулевиќ за Бар инфо изјавил дека ситуацијата околу пожарот е „малку порелаксирана“.
„Благодарение на брзата акција и солидарноста, во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 100 пожарникари со 47 возила. Утрово ситуацијата е многу подобра од синоќа, пожарот е ставен под контрола освен во делот кој бара интервенција и гаснење од воздух“, изјавил Вулевиќ.
Европа
(Видео) Порака за жителите од село на Тасос : Евакуирајте се избувна пожар

На жителите на едно село на северниот егејски остров Тасос им е кажано да се евакуираат, пренесуваат медиумите во регионот.
Во четвртокот рано наутро жителите на Кинира добиле порака на итниот број 112 да се евакуираат кон селото Лименарија.
Пожарот избувнал во тешко пристапен дел од планината веднаш по самракот, поради што бил оневозможен летот на противпожарните авиони.
Tasos, požar krenuo, Golden Beach https://t.co/cI2WHZ9JPq pic.twitter.com/yq1R1NWeWh
— Pasji život (@Pasjisin) August 11, 2022
Противпожарната служба се засили во четвртокот рано наутро, испраќајќи 102 пожарникари со 33 возила и пет екипи кои дејствуваат како пешадија, а војската и доброволците беа мобилизирани, пишуваат тамошните медиуми.
Во некои извештаи се наведува дека на двајца пожарникари-доброволци им биле повредени нозете кога врз нив паднало дрво и дека им била укажана помош во локалниот здравствен дом, пишува „eKathimerini.com“.