Свет
Откажано потпишувањето на ерменско-турскиот договор
Во последен момент е одложено потпишување на историскиот договор меѓу Ерменија и Турција во Цирих заради забелешки на ерменската страна, соопшти американскиот Стејт-департмент
Договорот во швајцарскиот град Цирих требаше да биде потпишан во 17 часот, во присуство на највисоките претставници на највлијателните држави во светот. Меѓутоа, во предвидениот термин за церемонијата за потпишување во циришкиот универзитет не дошле американските и ерменските претставници. Американската државна секретарка Хилари Клинтон се вратила во хотелот, како што соопштил портпаролот Иан Кели, за да се обиде да го надмине проблемот заедно со ерменскиот колега Едуард Налбандијан. Засега не е соопштено за какви проблеми станува збор, но договорот за нормализирање на односите Турција и Ерменија, со кој треба да се заврши две вековното непријателство меѓу двете држави. Овој договор има силни противници во двете земји меѓу тврдите националисти. Главнот проблемот е околу барањето да се призне дека Отоманската власт направила геноцид врз милион и половина Ерменци во текот на Првата светска војна, што пред неколку години го признаа и САД повикувајќи се на извештајот од тој период на Карнегиевата комисија. Ова тврдење современа Турција не сака да го признае како вистинито.Домаќинот на церемонијата, Швајцарија, пак, соопшти дека потпишувањето на договорот се одлага на неопределно време.Според најавите, договорот треба да го потпишат министрите за надворешни работи на Турција и Ерменија, Ахмет Давутоглу и Едвард Налбандиан, а на церемонијата беше најавено присуство и на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, на шефовите на дипломатијата на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Бернар Кушнер.Договорот требаше да биде потпишан по шест седмици итненцивно рпеговарање околу содржината на документот кој треба да го ратификуваат двата парлаемнта. Во него се предвидува Турција да ја отвори границата која е затворена 18 годиниоткако ерменската армија се распореди во областа Нагорнокарабах,потоа да не се прејудицира геноцид и да се отворат архивите во кои заеднички комисии ќе истражуваат дали навистина станува збор за геноцид итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.