Свет
Доставени протоколите до турскиот Парламент за нормализација на односите со Ерменија
Турската Влада денеска до Големото народно собрание на Турција ги доставила за ратификација двата протоколи за нормализација на билатералните односи со соседна Ерменија
Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен, предвидено било турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу да ги информира пратениците за содржината на протоколите, по што ќе има одвоени средби со претставници на сите пратенички групи.Давутоглу и шефот на ерменската дипломатија, Едуард Налбандијан на 10 октомври во Цирих ги потпишале протoколите за развој на билатералните односи и за воспоставување на дипломатски односи меѓу Турција и Ерменија.Со Протoколот за развој на билатералните односи се предвидувало во рок од два месеци по стапувањето на сила на овој документ да биде отворена границата меѓу Турција и Ерменија, да започнат редовни консултрации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, да се воспостават меѓусебни сообраќајни врски и трговска и економска соработка и да се развива договорно-правната сфера.Со вториот Протоколот се воспоставуваат дипломатски односи меѓи Анкара и Ереван и двете страни се обврзуваат да отворат дипломатско-комзуларни претставништва во другата земја.Поптишувањето на протоколите било поздравено од меѓународната заедница, но наишло на остри критики од страна на опозициските партии во Турција и во Ерменија.Турската опозиција оценила дека протоколите претставуваат „абдикација“ на Анкара пред притисокот на големите сили, како и дека 10 октомври ќе стане „црн ден за Турција“, бидејќи со потпишувањето на документите „се оставаат на цедило турските браќа во Азербејџан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.