Свет
Од свинскиот грип во САД починале повеќе од илјада лица
САД се зафатени со вториот бран од свионскиот грип. Вирусот А(H1N1) е раширен повеќе од кој и да е претходно а од април годинава кога се јави епидемиата, предизвика повеќе од илјада смерни слуачи и повеќе од 20 илајди случаи на хоспитлизирање
Според податоците на американскиот Центар за надгледување и превенција на болетите (CDC), во истиот период е забележано дек смртноста кај децата од грип и запаление на белите дробови е поголема отколку очекуваната за овој период од годината. Како што рекол директорот на CDC, Томас Фриден, новиот тип свински грип останува болест од која главно страдаат младите луѓе. Во споредба со сезонскито грип, млдите и децата и натаму се несразмерно повеќе погодени од грипот. На приемр, во привте десет дена од октомври секое петто дете во САД иамло симптоми на грип. Од април во САД се потврдени 95 случаи на перијатриска смрт како последица од инфекција со вирузот A(H1N1), а од тоа половинате се во септември и октомври.Вирусот против овој тип грип во САД е достапно веќе три седмици, но кампањата за вакцинирање не се довива со посакуваното темпо, заради недостиг од веакцини. Приоритет имаат ризичните групи, ккао што се медицинскиот персонал, трудниц, мали деца и хронично болни. Пред клиниките каде то се врѓи вакцинацијата се создаваат огромни редици, забележуваат локалните медиуми. Така, сите американски национални телевиизи во петокот навечер известуваа за гужвите кои ги создава вакцинирањето против новито вид грип. CDC планираше дека ќе набави 40 милиони дози вакцини до крајот на октомври, но досега се испорачани само 16 милиони.„Двете фармацевтски куќи заостануваат со производството навакцината,а GlaxoSmithKline не доби одобрение од регулаторните тела за нејзиниот производ.“, изјавил Никол Лори, помошник министер за здравство одбивајќи да ги именува фирмите. Вакцините за A(H1N1) за потребите на САД ги произведуваат Glaxo и AstraZeneca, со седиште во Лондон, Sanofu-Aventis од Пaриз, Novartis од Базел и CSL од Мелбурн. Лори рекла и дека до средината на ноември може да бидат иапшсорачани 42 милиони вакцини или осум милиони дози помалку колку што беше планирано за истиот период. Америксанските лекари сметаат дека може да се очекува овој грип да продолжи да се јавува во бранови, но засега не предвидуваат колку долго пандемијата ќе трае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.