Свет
Плавшиќ останува да живее во Белград
По 14 часот по ослободувањето од шведскиот затвор, во Белград пристиган поранешната претседателка на Република Српска која беше осудена од Хашкиот трибунал за воени злосторства
Билјана Плавшиќ ги отслужи две третини од пресудената казна, а по нејзиниот пристигнување на аеродромот Белград каде била пречекана од премиерот на Република Српска, Милорад Додик, заминала во нејзиниот стан во белградската населба Врачар. Претходно беше соопштено дека таа има намера да остане во Белград, бидејќи има српско државјанство, пренесуваат српските медиуми. Прво беше соопштено дека Плавшиќ ќе замине од затворот Хисенберг во Шведска со редовен лет, но шведските медиуми информираа дека всушност заминала со помал авион тип „цесна 525“, каков што има владата на Република Српска, забележуваат белградските електронски медиуми. Плавшиќ по стигнувањето во Белград е под заштита на Министерството за внатрешни работи на Србија а таа ќе и’ биде давана се’ до донесувањето на конечна проценка за нејзината безбедност која ја прават припадници на тајната српска служба БИА.„Останувам во Белград со своето семејство, но одвај чекам да отидам во Бања Лука са се видам со своите пријатели.“, изјавила Плавшиќ за српската државна телевизија РТС. Пред станот каде ја допратила полициска придружба на новинарите им рекла дека цело време размислувала како ќе и’ се обрати на јавноста, но дека тоа ќе го стори наскоро.Билјана Плавшиќ по отслужување на две третини од 11-годишната казна од Хашкиот трибунал е ослободена во вторник заради добро поведение, образложи судот. За оваа одлука одобрување донесе во септември претседателот на трибуналот Патрик Робертсон. Таа беше осудена по обвиненијата за геноцид, злосторства против човечноста и злосторства против Бошњасите и Хрватите во 1991 и 1992 г., како и за кршењето на Женевската конвенција. Таа му се предаде на Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија во јануари 2001 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.