Свет
Крвава среда на мексиканските нарко картели
Во Мексико во средата во повеќе градови се извршени повеќе убиства во пресметките меѓу нарко картелите, но убиени се и полицајци и американски војник
Меѓу шестмината убиени во стриптиз барот во близината на Сиудад Хуарез, веднаш до границата со американската сојузна држава Тексас има и еден 26-годишен американски војник, потврдиле мексиканските власти. Убиецот вооружен со автоматско оружје влегол во барот и во секоја од жртвите истрелал по неколку куршуми. Во близината на градот Монтереј, пак, бандитите убиле висок полициски службеник. Тој бил убиен само пет дена откако ја преземал должноста, нагласуваат агенциите. Убијците оставиле и писмена закана за градоначалникот. Во средата во Мексико бил убиен и пензионираниот генерал Хуан Артуро Еспарза кој во саботата бил избран за началник на полициските сили во Гарсија. Покрај него, во нападот биле убиени и уште четири лица, меѓу кои и неговите двајца телохранители. И градоначалникот на Гарсија добил заканувачко писмо на кое пишувало „Биди претпазлив“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.