Свет
Најмалку 16 загинати во напад врз пакистански разузнавачи
Најмалку 16 лица се убиени, а ранети се повеќе од 80 во два напада во северозападен Пакистан, во петокот, при што е нападнат и регионален центар на разузнавачката служба
Нападот врз зградата на разузнавачката служба се случил во градот Пешавар, а таа била цел на одмазда на милитантите затоа што има најважна улога во офанзивата што пакистанската армија ја презема против талибаните во Јужен Вазиристан. Бранот терористички напади само минатата седмица во Пешавар однесе педесетина животи.Безбедносните сили кои го обезбедувале комплексот отвориле оган врз возило пикап натоварено со експлозив, но бомбаш сепак успеал да го активира експлозивот, изјавил за локалните медиуми воен разузнавач.Во друга експлозија што се случила рано утрото во петок, била уништена триактна зрада при што загинале десет лица, меѓу кои се и седумина кои биле вработени во разузнавачката агенција, соопштиле армиски извори, а 55 биле луѓе биле ранети.Министерот за информации на северозападната погранична провинција, Миан Ифтикар Хусеин, изјавил дека тактиката на милитантите продолжува со герилска војна.„Ние ќе продолжиме со офанзивата против овие милитантни терористи. Тоа е единствениот начин на кој можеме да се преживее“, додал Ифтикар Хусин. Еден час подоцна, друг самоубиец со автомобил-бомба ја нападнал полициската станица појужно во близина на авганистанската граница, при што загинале шест лица, потврдил претставник на локалната полиција, Тахир Шах. Петмина од загинатите биле полицајци од полициската станица во Бак-какел, село во регионот Бану, а шестиот бил цивил. Во нападот биле повредени уште 27 лица беа повредени, јавуваат агенциите. Оваа полициска станица била лоцирана близу границата со Северен Вазиристан, полуавтономен паштунски региона каде авторитети се племенските водачи. Пакистанските разузнавачи сметаат дека во оваа област се сокриле поолеми групи она милитантите, бегајќи пред армиската офанзива. Пакистанската влада презема офанзива во Јужен Пакистан за елиминирање на упориштата на домашните и авганистанските талибани, кои во тешко достапниот планински регион тамошните организирале бази и тренинг кампови кои се користат од исламистичките милитатни и припадници на Ал Каеда. Разузнавачки центар по вторпат е цел на терористички напад, откако претходно во мај група самоубијци со автоматско оружје, гранати и автомобил бомба го нападнаа полицискиот пункт пред ја разузнавачкиот центар во градот Лахоре, при што загинаа 30 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.