Свет
Турција расположна да го складира иранскиот ураниум
Иранскиот претседател Ахмадинеџад ја поздрави иницијативата на Турција да му дозволи на Иран складирање на збогатен ураниум на нејзина територија
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја поздрави денеска иницијативата на Турција, која изрази подготвеност да му овозможи на Техеран складирање на збогатен ураниум на своја територија.„Турција е наша пријателска земја и затоа може да одигра позитивна и конструктивна улога по ова прашање“, изјавил Ахмадинеџад.Тој уште еднаш го повтори ставот што во неделата ја објави на својот интернет став дека Иран нема да се согласи на никакви отстапки по прашањето за нуклеарната програма и ќе води преговори за овој проблем само со Меѓународната агенција за атомска енергија.Претходно, турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јелдез изјави дека Турција е подготвена да му овозможи на Иран да го складира неговиот збогатен ураниум на турска територија. „ Од техничка гледна точка складирањето ураниум не е проблем и ние не можеме да му кажеме „не“ на иран“, нагласил Јелдез, додавајќи дека прашањето се’ уште се разгледува и досега не е добиен официјален предлог.„Турција нема да одбие ако и Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН се обратат кон нас со такво барање“, објасни турскиот министер.Во преговорите за складирање на иранско нуклеарно гориво во трета држава учествува и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давитоглу, кој го разгледа прашањето со локалните власти, со Техеран и со генералниот директор на IAEA, Мохамед ел Барадеј.Во случај овој проект да биде реализиран, Турција ќе претставува пункт за товарање и растоварање на значителен дел од иранскиот ураниум по пат кон Европа, каде ќе биде подложен на процес на збогатување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.
Свет
Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се прости од него
Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се прости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.