Свет
Поддршката за Обама падна под 50 отсто
Американците не му даваат веќе голема поддршка на својот годинава инаугуриран претседател, покажало истражувањето на Институтот Галуп
Ова е второ големо испитување на јавното мнение меѓу Американците во кое претседателот Барак Обама бележи рејтинг помал од 50 отсто. Според толкувањето на тамошните политички аналитичари, тоа се должи на бавните справувања со проблемите во стопанството од страна на неговата администрација и според нив многу долгата расправа за рефорите во американскиот здравствен систем.Според дводневната анкета на Галуповиот институт објавена во петок, поддршка за начинот на кој претседателот ја извршува својата функција дале 49 отсто Американци. Анкетата била спроведена од вторник до четврток врз примерок од 1.533 лица, со дозволена грешка од плус-минус 4 отсто. Како што пренесуваат тамошните медиуми, и истражувањето на универзитетот Квинипек од средата ги покажало речиси истите резултати, односно во ова истражување Обама има поддршка од 48 отсто. Инаку, анкетите што ги вршат Институтот Галуп и Универзитетот Квинипек, се сметаат за најмеродавните испитувања на јавното мнение во САД.Рејтингот на Обама последните месеци и во другите порелевантни анкети забележуваше пад, и се движеше меѓу 53 и 54 отсто, а во јануари годинава веднаш по неговата инаугурација достигна дури до 70 отсто.Во оценката на Галуповиот институт по последната анкета стои дека падот на популарноста и поддршката за Обама е најверојатно резултат на крајно спротиставените расправи за реформите во здравството, како и се’ уште не подобрените состојби во американското стопанство и огромната милионска бројка невработени. Во анализата на институтот се додава и дека Американците се загрижени за преголемото според нив потпирање на админстрацијата на Обама врз државната потрошувачка при решавањето на националните проблеми и зголемувањето на сојузниот буџетски дефицит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.