Свет
Поранешниот ирански потпретседател осуден на шест години затвор
Поранешниот ирански претседател Али Абтаки е осуден на шестгодишна затворска казна поради учество во демонстрациите од јуни со кои се бараше поништување на изборите на кои победи актуелниот претседател Ахмадинеџад
Мохамад Али Абтаки беше заменик на реформистичкиот ирански претседател Мохамад Катами во периодот од 1997 до 2006 г., а беше и советник на умерениот претседателски кандидат Мехди Каруби на претседателските избори од 12 јуни 2009 г.Али Абтаки беше уапсен веднаш по првите демонстрации во Техеран со кои се бараше поништување на повторниот избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, со обвинение дека бил направен голем изборен фалсификат. Револуционерниот суд го осуди Абтаки дека планирал заговор за уривање на исламската иранска влада. Според техеранските медиуми, Абтаки во недела бил известен за изречената казна, но засега нема официјална потврда за пресудата и најава дали поранешниот ирански потпретседател ќе поднесе жалба.Иранската и меѓународната јавност сметаа дека Абтаки ќе добие далеку поблага казна, бидејќи тој преку телевизија ја призна вината изразувајќи жалење заради наводниот обид да ја дестабилизира владата и фалејќи ги условите во иранските затвори. Повеќе од стотина дисиденти во Иран, меѓу кои има и други опозициски реформистички лидери се’ уште се во затвор под обвиненија дека сакале да ги фалсификуваат изборите, да ја дестабилизираат владата на Ахамдинџад и исламската република, дека подготвувале заговор со западните сили итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.