Свет
На Филипини уапсен главниот осомничен за масакрот на 57 политички противници
Филипинската влaда во четврток наутро соопшти дека го уапсила главниот осомничен за масакрот во кој во понеделникот беа убиени 57 лица на југот од државата
Андал Ампатуан Џуниор, градоначалник на помал град и син на гувернерот на покраината Магуанданао, од островот Миндао, со хеликоптер треба да биде префрен во главниот град Манила на испитување, изјави филилипiнскиот министер за внатрешни работи, Роналдо Пуно.За масакрот во кој беа убиени вкупо 57 лица, осомничени се припадниците на полицијата под контрола на Ампатуан, кој е син на моќниот локален гувернер и член на коалицијата на претседателката Глориа Аројо. Од кланот Ампатуан ги негираат ове обвинувања.Масакрот, според локната полиција и медиумите, го извршиле вооружени лица во пресметка меѓу спротиставени локални кланови кои се судираат пред локалните избори.Локалните медиумии полицијата за масовното убиство уште во понеделникот го осомничи политичкиот сојузник на филипинската претседателка, односно синот на гувернерот на провинцијата Магуинданао.Претседателката Аројо во вторник прогласи вонредна состојба на островот Миндао, за да се спречат поголеми крвопролевања меѓу клановите.Вооружена паравоена формација за која се верува дека е блиска на гувернерот на провинцијата во понеделникот грабна група меѓу кои имало и новинари и пратеници, и најмалку 14 жени. Потоа беа пронајдени 57 тела изрешетани со куршуми. Во групата од 57 лица имало најмалку 27 филипински новинари. Началникот на локалната полиција Џозефино Каталуна изјавил за Reuters дека бројката убиени новинари може да биде и поголема, бидејќи не се идентификувани сите жртви од масакрот кој се случи 930 километри јужно од Манила. Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магуинданао.Потполковникот Ромео Бравнер изјавил за Reuters дека телата биле пронајдени во област каде што луѓетo биле грабнати како заложници.„Веруваме дека повеќе тела се закопани. За жал, убиството се случило пред нашите војници да дојдат таму“, додал Бравнер.Други воени официјални лица изјавија дека убиените се поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства.Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и новинари. Убиените новинари ја следеле сопругата на заменик-градоначалникот на градот Балуна, Есмаел Мангудадату која требала да ја предаде неговата кандидатура за изборите на гувернер на покраината.Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии, пишуваат локалните медиуми.Од канцеларијата на филипинската претседателка Аројо, ветија брза акција.„Шокирани сме и гневни. Правдата и казната ќе ги стигне извршителите казнети кои и да се тие“, навел во соопштението Клаудио Гаврил, политички советник на претседателката. Изборниот процес на Филипините ќе почне во мај 2010 г., а од минатата седмица почна поднесување на кандидатурите за повеќе од 17.800 локални и државни функции.Предизборната кампања официјално почнува во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. За локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротиставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и ривалските кланови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.