Свет
Хашкиот трибунал бара истрага за постизборното насилство во Кенија
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг во четврток побара од судиите да одобрат истрага за убиствата, силувањата и прогоните при политичката криза во Кенија кон крајот на 2007 г. и почетокот на 2008 г. по предвремените претседателски избори, Reuters
Од страна на судот попладнево било одговорено дека ќе се разгледа барањето на обвинителството во врска со злосторства против човечноста кои се случиле во приодот меѓу 2007 и 2008 г.. По судирите од овој период Кенија беше силно дестабилизирана како држава и престана да претставува регионална стопанска сила. Доколку судот го прифати барањето на обвинителството, ќе се создадат услови за отворање судски процеси за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг (ICC) против министрите во владата на Кенија.„Шртвите страда. Биел силувани, куќите им биле изгорени а добитокот убиен, изгубиле се’ што имаат. Ние сме на нивна страна. Ќе ја истераме правдата на виделина, ќе соработуваме за да се избегне повторување на ваквите злосторства.“, изјавил главниот обвинител Луис Морено Окампо.Тој се повикал на податоците на владата на оваа северноафриканска држава, според кои по изборите во 2007 г. биле убиени 1.220 луѓе, а биел пријавени стотици силувања и биле прогонети од домовите 350 илјади луѓе. Според Окампо, овие податоци доволно зборуваат дека биле сторени злосторства против човечноста кои се во правна надлежност на судот во Хаг. Кениските власти претходно ветуваа дека ќе се пресметаат со организаторите на етничките судири кои избувнаа по оспорувањето на претседателските избори во декември 2007 г. и тесната победа на М’ваи Кибаки, но не сторија ништо во тој поглед.Повеќето жители на Кенија се сомневаат дека некои моќници некогаш ќе бидат обвинети бидејќи меѓу тамошните политичари е раширена корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.