Свет
Повеќе од 350 илјади римјани протестираа против Берлускони
Со виолетови шалови, џемпери и транспаренти, стотици илјади демонстранти минаа низ центарот на Рим на повик од блогерите, повикувајќи го италијанскиот премиер на поднесе оставка за да може да му се суди
Акцијата во саботата наречена „No Berlusconi Day“, од организаторите е оценета како многу успешна бидејќи според нивните проценки во центарот на главниот италијански град се собрале повеќе од 350 илјади луѓе, а според некои нивни претставници имало дури и милион демонстранти, пренесува агенцијата Ansa.Од говорницата на плоштадот Св. Иван Латерански, блогерите го нагласиле неполитичкиот карактер на нивното движење формирано на интернет, објаснувајќи дека виолетовата боја била избрана бидејќи таа не била употребена од ниедна партија. Вакви протести биле организирани и во Париз, Лондон и Сиднеј.Демонстрантите го нарекле италијанскиот премиер – мафијаш, алудирајќи на сведочењето на сведокот покајник, поранешен мафијаш Гаспаре Спатуца, кој во торинскиот суд обвини дека Силвио Берлускони бил наводно поврзан со Коза ностра.На демонстрациите големо учество земале авторитети од јавниот живот, како на пример режисерот Нани Морети и припадниците на крајната левица, посебно од Партијата на италијанските комунисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.