Контакт

Свет

Почнува расправата за спас на планетата

Објавено пред

Светските лидери од понеделник во Копенхаген ќе ја разгледуваат ситуацијата со климатските промени, а основното прашање е дали ќе бидат донесени конкретни обврзувачки одлуки или повторно се’ ќе се сведе само на ветувања и заложби

dobivaj vesti na viber

Стравувањата дека нема да има напредок, но и надежите за поголема грижа за планетата се телемал на неодамнешниот самит во Азија, на кој учествуваа претседателите на САД и на Кина, двата најголеми загадувачи во светот. Песимистите состанокот на Барак Обама и Ху Џинтао го сметаат дека е сигурен знак дека во Копенхаген нема да биде потпишан правно обврзувачки текст. Оптимистите, пак, велат дека двете држави на состанокот изнесле конкретни бројки, иако скромни, за намалување на емисијата гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.Свеста за загрозениот еколошки баланс на планетата Земја стана поголема по конвенцијата на Обединетите нации за климатските промени кога беше донесен Протоколот од Кјото за смалување на емисијата на т.н. стакленички гасови кој истекува во 2012 г.Во Копенхаген треба да биде донесен нов документ. Главниот преговорач за климата на ОН, Иво де Боерс, е оптимист бидејќи самитот ќе ги собере на едно место повеќе од стотина претседатели и премиери на држави кои ќе бидат меѓу 15-те илјади учесници од 192 држави. Обратно, песимистите повторно потесетуваат дека САД никогаш не пристапија кон Протоколот од Кјото. Откако неодамна 2.600  научници на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) заклучија дека зголемувањето на температурата за 2 степена на т.н. „прединдустриско“ ниво ќе го загрози светот, се помалку има такви кои не веруваат дека човекот со своето неодговорно однесување придонесе за глобалното затоплување, преку употребата на фосилните горива, како што се нафтата, јагленот и гасот. Поточно, со согорување на фосилните горива се ослободува јаглерод диоксид (CO2), гасот со ефект на стаклена градина кој најмногу придонесува за затоплувањето и загадувањето. Затоа, приоритет на научниците и повеќето светски лидери е да се намали испуштањето во атмосферата на ваквите гасови, при што најмногу во тој поглед треба да се заземат најбогатите држави, но и оние во развој со големи индустриски капацитети, како што се Кина и Индија. Кој ќе плати?Глобалното затоплување најмногу ќе ги погоди сиромашните, велат стручњаците. Зголемувањето на температурата што ќе доведе до зголемување на морското ниво може да ги поплави островските држави во Пацификот, како и оние кои се под нивото на морето, како што е Бангладеш, на пример. Вториот ефект е зголемувањето на површината на светските пустини, односно намалувањето на извор на храна и вода за пиење, со што ќе се поттикне ширењето на болестите.Меѓутоа, богатите држави, освен изговорот за заштита на националните индустрии и економии, го поставуваат и прашањето – кој сето тоа ќе го плати? А тоа е всушност вториот голем предизвик за самитот во Копенхаген, односно кој ќе ги поднесе трошоците и ќе им помогне на најсиромашните држави да се прилагодат. Богатите држави треба да го поддржат проектот со 10 милијарди долари годишно во периодот од 2010 до 2012 г., вели де Боерс. Но, останува отворено прашањето дали тие навистина сакаат да го направат тоа.Предизвици и проекти Една од темите за кои треба да се разговара во контекстот на глобалното затоплување, е и демографскиот прираст, кој подолго време е табу-тема. Според проценките на стручњаците од ОН, ограничувањето на демографскито прираст би придонесло за намалувањето на испуштањето на штетните гасови. Според овие проценки, доколку светското население до 2050 г. дојде до бројката од 8 милијарди наместо од претпоставените 9 милијарди, секја година би се штеделе од 1 до 2 гигатона јаглен. Според пресметки на лондонското Училиште за економија, секои 7 долари потрошени за планирање на семејството до 2050 г., може да заштедат по цел тон CO2 годишно.Како пример за дилемите што се поставуаат во врска со климатските промени – стопански напредок или зачувување на природата, се наведува градењето на централата Бело Монте во Бразил, во регионот на амазонската прашума, или како што ја викаат – „Белите дробови на планетата“. Имено, оваа електричан централа би ги подобрила условите за живот на 25 милиони луѓе, но го загрозува опстанокот на 15 домородни племиња.Едно од можните решенија за проблемот со затоплувањето е посилниот развој на т.н. зелени енергии. Таков е проектот Desertec Industrial Initiative, кој чини 400 милијарди евра и кој на Европа до 2050 г. треба да и’ обезбеди 15 отсто струја или 470 илјади мегавати од Блискиот Исток и Северна Африка. Концентрираната сончева енергија на почетокот е скапа, но долгорочно е исплатлива, велат од проектот MENA (Middle East and North Africa), во чии рамки првата ваква електрична централа на сончева енергија би требала да се гради во 2015 г.Најодговорен за затоплувањето е јагленот кој е еден од најнечистите енергенси кој придонесува со 40 отсто кон целото глобално затоплување. Затоа е почнат проект CCS (Carbon capture and storage) со кој тој би требало да се прочисти. Но, оваа технологија би можела да почне да се применува дури по 20 години, а подразбира индустриски процес со кој ќе се тргне CO2 при процесот на согорување на јагленот и тој ќе се складира наместо да се испушта во атмосферата.Но, за да сево ова биде скора иднина, во Копенхаген треба да се донесе правно обврзувачки договор за зачувување на климатските услови на Земјата, па дури и да се претерани стравувањата од климатските промени. Со вложувањата во обновливите енергии, во секој случај ќе се создадат услови за намалување на загадувачките фосилни горива.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата

Објавено пред

Две лица, кои освен германско државјанство имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање на воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.

Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.

Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“ во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.

„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.

Прикажи повеќе...

Свет

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.

Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот директор на Мосад за нападот на Иран: Сите опции се „на маса“

Објавено пред

Поранешен директор за разузнавање во израелската разузнавачка агенција Мосад вели дека таргетирањето на нуклеарните објекти во Иран е една од опциите за одговор на нападот врз Израел, пишува „Sky News“.

dobivaj vesti na viber

Зохар Палти зборуваше за можните форми на одговор откако Иран истрела повеќе од 300 проектили и беспилотни летала кон Израел.

Запрашан дали сè е на маса, вклучително и таргетирање на нуклеарни постројки, Палти рече: „Нема прашање. Сè е на маса во моментов“.

Запрашан дали тоа вклучува нуклеарни постројки, тој рече: „Вклучувајќи сè“.

Иран во неделата привремено ги затвори своите нуклеарни постројки од „безбедносни причини“.

Нападот врз Израел уследи по наводниот смртоносен израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија. ИДФ соопшти дека 99 отсто од оружјето испукано кон Израел не успеало да навлезе во неговата моќна противвоздушна одбрана.

Сепак, како што пренесуваат медиумите, израелската влада нема да изврши одмазда за масовниот ирански напад на израелска територија минатиот викенд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија1 час

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет2 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет2 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија12 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ18 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија19 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ20 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија21 час

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија22 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија23 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија24 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...