Свет
Во Копенхаген се подготвува нацрт-декларација
Светските лидери на самитот во Копенхаген работеле до доцна во ноќта за да можат во петок да го состават текстот на договорот за намалување на испуштањето на штетните гасови и за помош на сиромашните држави во намалувањето на последиците од глобалното затоплување
Агенциите пренесуваат дека во четврток доцна вечерта по состанокот зад затворени врати кој траеше три часа, претставниците на земјите-учеснички на светската конференција за климата решиле во петок да го доработат текстот на договорот против глобалното затоплување. Биле одредувани главните елементи на декларацијата. Според информации од Копенхаген, ќе биде спомената потребата од ограничување на причините за затоплувањето кое треба да се намали за два степена Целзиусови за да се избегнат драстичните климатски промени, како и финансисрањето на договорот кој од 10 милијарди во 2012 г. траба да се згоелми на 100 милијарди во 2020 г. Договорот од Копенхаген би требало да биде обврзувачки со важнсот од шест месеци. „Вчера вечерта беше свикан итен состанок на највлијателните светски лидери од триесетина држави на кој бил направен обид да се постигне политички договор во кој би се потенцирале главните точки“, изјави по состанокот шведскиот премиер Фредерик Реинфелд, чија земја претседава со европската Унија и по чие барање беше одржан итниот состанок. „Тоа не беше сторено, но слушнавме многу конструктивни предлози од африканските лидери и од претставниците на државите во развој и покажавме дека имаме намера да дојдеме до договор’, додал шведскиот премиер. Како што пренесуваат агенциите повикувајќи се на дипломатски извори од Копенхаген, би имало два различни текста на договорот кои се договорени под патронат на Обединетите нации. Всушност, Договорот од Копенхаген би требало да го сочинуваат три засебни текста.„Водевме конструктивни и плодни разговори, но уште сме далеку од заклучоци“, изјавил данскиот премиер Ларс Лоеке Расмусен за новинарите, кој инаку е домаќин на конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.