Свет
Меркел: Копенхаген беше првиот чекор кон нов светски поредок
Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрлила критиките за резултатот од светскиот самит за климатските промени, јави Дојче веле на македонски јазик
„Копенхаген беше првиот чекор кон нов светски климатски поредок, ништо повеќе и ништо помалку“, изјавила Меркел за весникот „Билд ам зонтаг“. Врз таа основа треба да се градат идните преговори и тоа Германија ќе го стори на министерската конференција, на средината на наредната година во Бон.Шефот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел побарал од германската Влада и Европската унија, да ги исполнат ветувањата и да ја намалат емисијата на јаглерод двооксид за 30 проценти. Само на тој начин ЕУ може да ја поврати загубената доверба, сметал Габриел.На Светскиот самит за климатските промени во Копенхаген, владите на 25 индустриски развиени и земји во економски подем по долгите преговори се согласија за усвојување заедничка политичка декларација.Декларацијата предвидува пред се необврзувачка цел за ограничување на затоплувањето на земјата за максимални два степени Целзиусови. Конкретни цели за намалување на емисијата на штетни гасови за временскиот период до 2020 година не се утврдени.Ваквиот компромис мора уште да биде усвоен од Пленумот на 193 земји учеснички на Самитот во Копенхаген. Жестоки критики за време на дебатата во текот на ноќта имаше пред се од латиноамериканските земји.Како што беше објавено, на министерска конференција во мај наредната година сите земји треба да ги претстават националните цели за намалување на емисиите на штетни гасови.Обврзувачки глобален договор за климата би требало да биде усвоен во декември на средба во Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.