Свет
Гватемала дава три милиона долари за жртвите во масакр
Гватемала ќе плати 3 милиони долари за да ги компензира жртвите од масакрот во граѓанската војна, со што ќе се ја испочитува интернационалната судска пресуда, изјави Министерот за човекови права на нацијата во понеделникот
Интер-Американскиот Суд за човекови права повика да се исплатат средствата откако заклучи дека гватемалската влада потфрлила во комплетното истражување на три дневните немири во планинското село Дос Ерес во 1982, каде од страна на специјалните полициски единици беа убиени повеќе од 200 луѓе. „Ова е силна порака“ изјави за Ројтерс, Рут дел Вале, пратеник во сегашната влада на Гватемала, потврдувајќи ја исплатата.Централно левиот Претседател Алваро Колом беше избран во 2007 поради неговата платформа на помирување со насилното минато на земјата. Во почетокот на овој месец, пензиониран Гватемалец беше обвинет за нарачување на насилно „исчезнување“ на луѓе за време на граѓанската војна.Дос Ерес стана еден од најбруталните масакри за време на 36 годишната граѓанска војна помеѓу владините сили и левите герили што резултираше со смрт на повеќе од 250.000 луѓе.Комисијата на Обединетите Нации пронајде докази за војници кои удирале бебиња од дрва и ѕидови и потоа ги фрлале нивните тела во бунари, додека беспомошните фамилии биле држени затворени во цркви, за потоа и тие да бидат убиени. Во извештај објавен во понеделникот од судот под организација на САД, е објавена пресудата во која се вели дека владата треба да плати повеќе од 3 милиони долари на членовите на фамилиите и да ги плати судските трошоци.Исто така е наведено дека случаите кои се покренати против армиските офицери одговорни за убивањето, а се влечкаат по локалните судови мораат да бидат комплетно разрешени и да биде изграден меморијален центар на местото на масакрот.Откако се потпишааа мировните договори во 1996тата година, малку од властите се соочија со правда за прекршувањето на човековите права за време на конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.