Свет
Пет години по цунамито во Азија
Во сабота, 26-ти декември се одбележуваат пет години од катастрофалните цунами бранови кои ја погодија јужна Азија во 2004 година
Животите во цунамито ги загубија речиси 230 илјади луѓе во вкупно 11 држави кои излегуваат на Индискиот Океан. Цунамито беше предизвикано од силен земјотрес со 9.1 степени според Рихтеровата скала со епицентар во близината на индонезискиот остров Суматра, а брановите кои настанаа по земјотресот достигнаа до 30 метри.Најпогодени држави од цунамито во 2004 г. беа Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд. Земјотресот во Суматра се смета за третиот најсилен земјотрес во историјата. Шведска и Германија беа од европските држави кои загубија по околу 500 државјани во цунамито. Познатиот англиски режисер Ричард Атенброу ги загуби своите ќерка и внука, а познатата манекенка Петра Немцова беше тешко повредена, но го преживеа цунамито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.