Свет
Петмина убиени и повеќе од 300 уапсени во Техеран
Пeт лица загинале во судирите меѓу противниците на иранскиот претседател Ахмадинеџад и силите за безбедност кои упасиле повеќе од 300 лица, потврди доцна навечер во недела заменикот началник на ирнаскат полиција
Ахмад Реза Радан демантирал дека смиртните случаеви се поврзани со репресивните мерки што ги преземале силите за безбедност во спречување на демонстрациите кои во недела во главниот ирански град прераснаа во бунт. Заменикот на началникот на полицјата за државната телвизија рекол дека едно лице загинало при пад о мост, две во автомобилска несреќа а една била убиена со огнено оружје. Радан додал дека повеќе од 300 лица биле уапсени, кои иранскито режим ги смета за марионети на западните држави.Според интернетските страници кои ги користи иранската опозиција за информирање на светот, припадниците на елитната гарда на Чуварите на револуцијата и владејачките милиции убиле најмлаку пет лица, од кои неколку со употреба на огнено оружје.Меѓу убиените е и внукот на лидерот на иранската опозиција, Мирхосеин Мусави, Саид Али Мусави.Протестите во недела се одржуваа на големата техеранска авенија, на која се протестираше во јуни откако беше реизрабн претседателот Махмуд Ахамдинеџад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „NBC News“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.