Свет
Тајланд почна со репатријацијата на Хмонг во Лаос
Tајландскa армија во понеделник почна со присилнатa репатријација на етничките Хмонг во Лаос, и покрај тоа што меѓународната заедница изрази загриженост дека многу од нив че бидат прогонувани од тамошните власти
Околу пет илјади војници вооружени со палки и штитови беа испратени во камп во планината Хуаи Нам Као, околу 300 километри северно од од Бангкок за да го транспортитраа 4.400-те припадници на етничката заедница Хмонг, кои велат дека се соочуваат со угнетување од страна на комунистичкито режим во Лао, од кој побегнаа, пренесе Reuters. Во САД оваа етничка заедница се нарекува „заборавена сојузници“, бидејќи нејзините припадници беа сојузници на американската страна во времето на Виетнамската војна и многумина избегаа од Лаос, каде во 1975 г. власта ја презеде комунистичката партија Патет Лао ја презеде власта.САД и ОН во неделата изразија загриженост за присилната репатријација и за судбината што ги очекува припадниците на Хмонг по нивното враќање во Лаос. САД во неделата ги повика тајландските власти да се откажат од оваа операција, за која Вашингтон смета дека претставува „сериозно прекршување на меѓународните хуманитарни принципи за кои Тајланд досега се залагал.“ Во соопштението издадено во неделата, портпаролот на Стејт-департментот, Иан Кели, побара и до власите на Лаос, да ги прифатат репатрираните лица, да им обезбедат пристап на меѓународните набљудувачи и олеснување на преселбата.Според тајландската влада, Хмонзите се водат како како економски емигранти и немаат статус на бегалци. Премеирот Абшисит Вејџаџива изјави дека владата на Лаос му дала уверување дека репатриираните ќе биде згрижени и на агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР, ќе и’ биде дозволено да ги посетува.Полковникот Тана Чаруват, задолжен за репатријацијата на Хмонг заедницата, изјавил дека армијата ќе се обиде да ја заврши операцијата уште во понеделник, за да биде спречен каков и да е отпор.Повеќе од 2.600 веќе се преземени од кампот од војската во камиони на патот кон имиграцискиот центар во Нонг Каи, на границата со Лаос, пренесуваат западните агенции. Тајландските власти страхуваат дека олеснувањето на нивното преселување во трети држави, таа може да ги охрабри повеќе илегални мигранти.Според проценките на евопски неименуван дипломат во Бангкок, на неколку стотици повратници реално им се заканува можен прогон од властите, особено на оние што биле дел од отпорот кој со поддршка на САД го даваа на комуниситичото движење во 1970-тите.Талјанд инаку е клучна транзитна точка за повеќе од 1,5 милиони бегалци од земји како Мианмар и Индокина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.