Свет
Обама нареди ревизија на процедурата за следење терористи
Американскиот претседател во понеделникот навечер по средноевропско време изјави дека наредил ревизија на системот со листи за следење на терористите, откако Нигериецот бил пријавен на таква листа но не и на ткн, „non-fly“
„Американците можат да бидат убедени дека работиме се’ што е можно за да ве заштитеме вас и вашите семејство“, изјавил претседателот Барак Обама кој ги нагласил чекорите за подобрување на безбедноста во воздухоплобниот сообраќај. Обама рекол и дека сака темелно преиспитување на целиот систем за следење на терористи и начинот за засилување на тој систем.„Ќе продолжиме да го употребуваме секој елемент од нашата национална моќ за да ги поремериме, спречиме и поразиме насилните екстремисти кои ни се закануваат“, изјавил Обама.Претседателот на САД потенцирал дека на тимот за национална безбедност му наредил да продолжи со притисокот врз оние кои сакаат да ја нападнат Америка – „Оние кои ги напаѓаат недолжните цивили мораат да знаат дека САД ќе направат повеќе одошто е зајакнувањето ан нашата одбрана“, рекол Обама.Американските медиуми нагласуваат дека изјавата на Обама беше најавена и уследи кусо време откако Ал Каеда од Јемен ја презема одговорнсота за нападот на 23-годишниот Нигериец Умар Фарук Абдумлуталаб (или Умар Фарук ал-Нигери) на Божик на летото 253 од Амстердам до Детроит. „Нашиот состав не функционирал во овој случај. Никој не е среќен иили задоволен со тоа. Во тек е целосна истрага“, изјави во понеделникот минситерката за национална безбедност, Џенет Наполитано во изјава за NBC News.Абтумлуталаб откако бил пријавен од татко му во американската амбасада во Нигерија, дека највероајтно има врски со терористите во Јемен, бил ставен на списокот со 500 илјади потенцијални терористи, но не и на најстрогиот, па не му бил забрането летањето во САД, ниту му била укината влезната виза кој му била издадена во 2008 г. Опозициските републиканци бараат одговорност од админситрацијата на Обама, сметајќи дека тој не посветува вниамние на опасноста од тероризмот. А нивниот лидер во Сенатот, Мич Мекконел за ABC News рекол дека има многу за истражување во овој случај.Назависниот сенатор Џозеф Лиеберман, претседател на Сенатската комисија за национална безбедност ги поддржа во критиките републиканците нагалсувајќи го порблемот со задржување на американската виза и после ставањето на неговот име во базата за терористи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас и Исламски џихад нападнаа израелски војници во близина на болницата Ал Шифа
Израелските сили и палестинските борци денеска се судрија околу болницата Ал Шифа во Газа, каде вооружените крила на Хамас и Исламски џихад соопштија дека нападнале израелски војници и тенкови со ракети и минофрлачки оган.
Израелската војска соопшти дека продолжува да оперира околу болничкиот комплекс во градот Газа, откако упадна во него пред повеќе од една недела. Израелските сили убиле околу 200 милитанти од почетокот на операцијата притоа спречувајќи штета на цивили, пациенти, медицински тимови и медицинска опрема, соопшти армијата.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека ранетите и пациентите се сместени во административната зграда на Ал Шифа, која не е опремена за да им обезбеди соодветна медицинска нега. Пет пациенти починаа од почетокот на последниот израелски напад поради недостиг на храна, вода и медицинска нега, соопшти Министерството кое го води Хамас.
Ал Шифа, која беше најголемата болница во Газа пред војната, е една од ретките здравствени установи кои делумно продолжија да функционираат во северниот дел на Газа пред последните борби. Во него се сместени и раселените цивили.
Вооружените крила на милитантните групи Хамас и Исламски џихад во соопштението соопштија дека во заедничка операција бомбардирале со минофрлачки гранати групи израелски војници во близина на комплексот Ал Шифа“.
Исламски џихад истрела противтенковска ракета врз израелски тенк пред болницата, се вели во друга изјава. Израелската војска објави дека милитантите пукале врз нејзините сили од внатрешноста на зградата за итни случаи, како и од областа околу неа.
Израел тврди дека цели кон милитантите на Хамас кои се засолнуваат во цивилни згради, вклучувајќи станбени блокови и болници, што Хамас го негира.
Најмалку 32.552 Палестинци се убиени, а 74.980 се ранети во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти во четвртокот Министерството за здравство на крајбрежната енклава.
Се верува дека илјадници други загинале под урнатините и дека над 80 отсто од 2,3 милиони жители на Газа се раселени, а многумина се изложени на ризик од глад.
Војната избувна откако милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници.
Светската здравствена организација соопшти дека болницата Ал Амал е затворена поради борбите, оставајќи делумно функционирање само 10 од 36-те болници во Појасот Газа.
СЗО уште еднаш бара итен прекин на нападите врз болниците во Газа и повикува на заштита на медицинскиот персонал, пациентите и цивилите, рече шефот на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, во четвртокот на X.
Свет
(Видео) Огромна дупка во Рим проголта два автомобили
Огромна дупка се отвори на улица во југоисточен Рим и проголта два паркирани автомобили.
Дупката со дијаметар од 10 метри и длабочина од околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.
Фотографиите и видеата од огромниот кратер брзо се проширија на социјалните мрежи.
MASSIVE SINKHOLE ÖFFNET SICH BEI ROM! – 28.3.2024
In der Nacht öffnete sich in Rom ein riesiges Sinkhole, das zwei Autos verschluckte. Ein drittes blieb in der Schwebe. Das Sinkhole öffnete sich in der Via Sestio Menas in Quadraro in Rom. pic.twitter.com/51aNnxhT46
— Ramses 🇨🇭 (@RS38900) March 28, 2024
Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигна локалната полиција и пожарникарите.
На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.
Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, огромна дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.
Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.
Свет
Полска истражува наводна руска шпионажа
Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, беше соопштено денеска.
Полска, западниот воен центар за снабдување на Украина, која се бори против руската инвазија, вели дека станала главна цел на руските шпиони. Ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.
„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението, повикувајќи се на интернет порталот voice-of-europe.eu, за кој велат дека објавил проруски материјали.
Претресите беа извршени во вторникот во Варшава и Тихи во западна Полска, се вели без дополнителни детали.
Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува.
Во средата, чешката влада санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и интернет порталот voiceofeurope.com, за, како што рече, водење на операција за проруско влијание во Европа.
Последните дејствија произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.