Свет
Дестабилизирано Карачи значи дестабилизиран Пакистан
Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Рехман Малик, повика на смирување на ситуацијата во Карачи во вторникот, откако бројката убиени во бомбашки напад, се зголеми на 40 лица и предизвика немири низ центарот на градот, пренесе Reuters
Нападот врз шиитското население во Карачи зачна неколку безбедносни предизвици со кој треба да се соочи Пакистан и неговата цел најверојатно е да се предизвикаат нетрпеливости меѓу шиитите и сунитите. „Ги повикувам луѓето на Карачи да останат мирни. Ова е еконосмкиот столб на Пакистан. Секој кој пробува да го дестабилизира Карачи всушност го дестабилизира и Пакистан,“ изјави Рехман Малик за репортерите кои присуствуваа на погребот на еден војник загинат во нападот.Нападот беше извршен и покрај тоа што пакистанските власти во градот разместија околу 10 илјади полицајци и припадници на парамилитарните милиции кои требало да ја обезбедуваат поворката за време на верската процесија.Досега никој ја нема преземено одговорноста за крвавиот напад, но министерот ги обвини исламистичките бунтовници.Бомбашот самоубиец се разнел втурнувајќи се во процесија на шиитските муслимани на затворањето на годинешниов верски празник Ашура. Според Associated Press, властите ги анализираат снимките од безбедносните камери на кои според нив јасно се гледа лицето на бомбашот самоубиец, и истрагата е во тек.Министерот Малик рече дека луѓето кои учествуваат во немирите и палат маркети, продавници и возила се исто така терористи. Исто така ги повика политичките лидери да ги надминат своите политички разлики и да се обединат за да го спасат Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.