Свет
Ахмадинеџад обвинува за „ционистичко-американско“ сценарио
Иранскиот претседател обвини дека антивладините протести се реализираат во согласност со сценариото што го направиле ционистите и Американците, пренесуваат западните агенции
„Станува збор за спектакл кој предизвикува мачнина, но се лажат оние коишто го планирале, но и оние кои учествуваат во него“, изјавил во вторник иранскиот претседател Махмуд Ахамдинеџад, во неговото прво реагирање на масовните немири од неделата. Ахмадинеџад жестоко ги осудил изјавите на американскиот претседател Барак Обама и на британската влада кои упатија критики на репресивното однесување на владините сили против иранските демонстранти. „Тие повторно ни даваат многу совети, но се чини дека пак сакаат да бидат понижени. Ќе увидат дека иранскиот народ повторно ќе ги понижи откако ќе се мобилизира, можеби и повеќе отколку нивните претходници“, рекол иранскиот претседател мислејќи на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш и на британскиот експремиер Тони Блер. Официјално во протестите во Иран против владата на Ахмадинеџад, се загинати осум лица, додека опозициските интернет-страници известуваат за 15 убиени демонстранти и тие се најкрвави протести по оние од јуни годинава кога тој беше реизбран на функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.