Свет
Во Авганистан убиени осум американски службеници
Осум Американци се убиени во самоубиствен напад во источен Авганистан јави тв-мрежата MSNBC News, цитирајќи американски функционери.
„Можеме да потврдиме дека дојде до експлозија во покраината Кхост и дека осум Американци се убиени“, изјавил американски функционер кој не соопштил поединости за нападот. Бомбашот самоубиец носел елек со експлозив кој го активирал во американска воена база, пренесува телевизијата MSNBC News. Напаѓачот успеал да влезе во базата и да го активира експлозивот во мензата, известува CNN. Во информацијата се додава дека поединост за нападот се’ уште се собираат и дека уште не јасно колку други лица се ранети.Не е познато ниту дали убиените се дел од американските воени или цивилни мисии. Повеќе од 500 припадници на меѓународните воени сили се убиени годинава во Авганистан, од што 310 се американски војници. Таму во моментот има 110 илјади војници на САД и држави членки на НАТО,а се планира и распоредување на уште дополнителни 40 илјади војници, од што 30 илјади се американски а Македонија ќе ги засили своите сили во Авганистан со уште 80 свои војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.