Свет
Германија бара истрага за наводните атентатори на CIA
Највисокиот службеник на хамбуршката безбедносна служба во среда побарал истрага по тврдењата на некои медиуми дека американската централна разузнавачка агенција во 2004 г. во Хамбург испратила свои професионални убијци
Американскиот магазин Vanity Fair седмицава најави дека ќе презентира сторија за тоа како CIA испратила групи од приватната компанија за обезбедување Blackwater, сега Xe Services, во Хамбург да го пронајдат и ликвидираат наводниот собирач пари за Ал Каеда, 51-годишниот Мамоун Дарканзанли.Министерот за внатрешни работи во германската сојузна држава во која е Хамбург, Кристоф Ахинаус, изјавил дека сака германската влада да ги провери овие тврдења. Претходно, владината служба за односи со јавноста соопштила дека владата воопшто не е запознаена со вакви случувања. Инаку споменатиот Дарканзанли е Сириец со германско државјанство, кој бил поврзан со неколку самоубијци од Хамбург кои ги извршија терористичките напади од 110-ти септември 2001 г. во САД. Тој беше под истрага, но германските власти не му судеа. Наводно, групата од Блеквотер со седмици го следеле Сириецот но се повлекла бидејќи не дошол налог – да биде убиен. „Очекувам од сојузната влада да ја контактира владата на САД и да побара целосна истрага на фактите“, изјавил Архаус за агенцијата DPA, предупредувајќи дека не смеело да се случи американски оперативци да бидат активни на германска територија без знаење на домашните власт.Што се однесува до Дарканзанли, тој и по истрагата од 2001 г. продолжи да живее слободно во Хамбург, но подоцна исчезнува и не е јавно познато каде живее.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.