Свет
Уште 20 лица се обучувале во Јемен за терористички напади
Обвинетиот неуспешен атентатор од 25-ти декември, тврди дека уште 20 лица се обучувани во Јемен за изведување терористички напади, како нападот што тој се обиде да го изврши врз американски авион, пренесоа американските медиуми
Дваесети итри годишен Нигериец Умар Фарук Абдулмуталаб, кој во петокот се изјасни невин по сите шест точки од обвиеннието за тероризам пред сојузниот суд во Детроит, за време на испрашувањето изјавил дека уште 20 кандидати терористи се подготвувани во Јемен за ракување на истите експлозивни компоненти и иста техника за кревање во воздух авиони, какви што тој употреби во својот неуспешен обид за уривање на авионот над Деторит, јавила американската телевизија CBS. Телевизијата во информацијата се повикува британски разузнавачки извори, кои биле запознати со испрашувањето на Абдулмуталаб во САД. Американските власти, пак, досега не објавија ништо од сознанијата за испрашувањето на Нигериецот, соопштувајќи сеамо дека тој им дал вредна информација. Абдулмуталаб уште веднаш по апсењето призна дека бил обучуван за терорист во Јемен. Нигериецот кој бил обучуван од јеменската Ал Каеда, Умар Фарук Абдулмуталаб, е обвинет за: обид за употреба на оружје за масовно уништување, обид за убиство во простор под посебна воздухопловна надлежност на САД, смислен обид да се уништи и урне авион и по две точки за поседување разорни направи заради вршење насилно кривично дело. За употребата на оружје за масовно уништување, 23-годишниот Умар, може да добие казна доживотен затвор.За среќа, наместо експлозија се случи експлозивот за кој се покажа дека се 90 грама од силниот воен PETN (пантаеритритол), кој е безбијан кристална супстанција и спаѓа во истата група со нитроглицеринот. Но во обвинението било наведено дека тој кај него имал уште една високо експлозивна мaтерија позната како TATP (триацетон трипероксид). Како што забележуваат експертите во американските медиуми, тоа е еден од најчувствителните експлозиви кои во последно време почесто се бараат и се употребуваат на Блискиот исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.