Контакт

Свет

Десетици илјaди жртви во земјотресот на Хаити

Објавено пред

Катастрофалниот земјотрес на Хаити предизвика голема национална трагедија во која загинале десетици илјади луѓе, соопшти амбасадорот на земјата во Органзиацијата на американските држави во Вашингтон

Има десетици илјaди жртви и огромни материјални штети, изјавил амбасадорот Дули Брутус за France presse, но не можел да наведе конретна бројка на настраданите.Агенцијата забележува дека тој е првиот официјален претставник на Хаити кој проценката за жртвите по катастрофалниот земјотрес од рано утринава ја дава во неколку десетина илјади. Амбасадорот на Хаити во САД, Рејмонд Џозеф, пак, во сите досегашни изјави за американските медиуми проценките за бројот загинати и исчезнати ги изразуваше во илјадници. Земјотресот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер го разурна главниот град Порт-о-пренс и околината, инаку густо населен регион во кој живеат меѓу 2,5 и три милони жители.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Либан и Израел продолжуваат со преговори со посредство на САД

Објавено пред

Либан и Израел ја продолжија втората рунда преговори со посредство на САД за спорните погранични води на истокот на Средоземното Море.

Како што пренесуваат американски медиуми, либанската делегација побарала на Либан да му се доделат дополнителни 1.430 квадратни километри.

Либан се надева дека откривањето на резерви на фосилни горива во либанските територијални води би било важно за надминување на досега невидената економска и финансиска криза и за подобрување на динамиката на отплата на јавниот долг, што изнесува дури 170 проценти од БДП.

Двете страни се согласија да го продолжат дијалогот и утре.

Прикажи повеќе...

Европа

Нов рекорд на бројот на новозаразени во Шведска

Објавено пред

Шведска, чијашто либерална стратегија за пандемијата привлече глобално внимание, регистрираше 1.980 нови случаи на коронавирус на 27 октомври, најголем број од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на шведската агенција за јавно здравје.

Претходниот најголем број на новозаразени во еден ден се случи на 23 октомври, кога имаше 1.870 позитивни случаи.

Јавната здравствена служба соопшти дека највисокиот дневен број на новозаразени во текот на пролетта, веројатно, бил многу поголем, но тоа не е забележано поради недоволно тестирање во тоа време.

Шведска исто така регистрираше 9 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 5.927.

Шведска има неколку пати поголема стапка на смртност по глава на жител од нејзините нордиски соседи, но пониска од некои поголеми европски земји како Шпанија и Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија рекордни 1.328 новозаразени од коронавирус, петмина починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9.690 лица на коронавирус, од кои 1.328 биле позитивни.

Починаа уште пет лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 39 пациенти се приклучени на респираторни машини во болниците во Србија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија4 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија4 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија4 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија5 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија5 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија6 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет7 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија8 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет8 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија10 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет10 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет10 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет10 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа10 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет21 час

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија21 час

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа23 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија24 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија1 ден

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие