Свет
Плач од деца и црковни песни одекнуваа низ ноќта во Хаити
Во катран црната ноќ на Хаити, се слуша плач од деца на сите страни и одекнуваат религиозни песни од собрани групи луѓе по улиците, кои се молат за безбедност и солидарност, пренесе Ројтерс
Пеењето и плескањето, најчесто од жени, оддава ехо низ улиците додека луѓето се молат за мртвите и го повикуваат Господ да ги поштеди од натамошно страдање, откако земјотресот кој го погоди Хаити, уби илјадници и го срамни со земја главниот град, Порт-о-Пренс.Иако пеењето дава мала утеха, пискавите вресоци и липања од повредените деца (некои од нив лежат на улиците со крвави рани) потсетуваат на неизмерното страдање во Хаити.„Ах Боже, кој ќе и’ помогне на мојата земја сега?“, рече Мануел Дехеус, бизнисмен од Хаити кој се вратил од Доминиканската Република за да ја провери својата фамилија, своите пријатели и имотот што го поседува.„Светот сега мора да ни помогне. Ова не можеме да го средиме самите“, додаде тој, не можејќи да поверува во катастрофата што ја гледа пред себе.Илјадници мртви тела лежат низ улиците, некои недопрени, други покриени со чаршафи или парче облека.Мировниците на Обединетите нации се во шок. Околу 9.000 кои беа стационирани во Хаити шетаат по улиците и изгледаат збунети и загрижени за своите околности.„Се уште не сум и се јавил на мојата сопруга. Таа веројатно мисли дека сум мртов“, рече еден од војниците на ОН. „Помошта мора да дојде однадвор бидејќи способноста на хуманитарните организации е скршена“, рече за Reuters Мајк Стуарт, директор на хуманитарната организација „Надеж за Хаити“, која постави мини-болница надвор од Вила Креоле за да се помогне на повредените.Додека се приспособуваат на катастрофата која ги снајде, жителите на Порт-о-Пренс се исто така преплашени од можните последователни потреси.Реагирајќи на гласини дека ќе има цунами, неколку илјади жители на Хаити во текот на ноќта во паника се упатиле кон повисоките делови од предградијата на главниот град Порт-о-Пренс, пренесуваат американски медиуми, кои имаат свои дописници на Хаити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.