Контакт

Свет

Извлечен жив по 40 часа под урнатините

Објавено пред

Откако утрово Канаѓанка испрати СМС-порака до Министерството за надворешни работи на нејзината држава со локацијата каде што се наоѓа и беше спасена, попладнево на Хаити бил спасен маж откако минал 40 часа под урнатините, јавија агенциите

Вработениот во мисијата на Обединетите нации во Порт-о-пренс, Тармо Жовер, без помош самиот се движел, откако под урнатините го извлекле спасувачките екипи. За жал, тие во урнатата зграда досега пронајдоа 36 тела на неговите колеги, а околу 200 се’ уште се водат како исчезнати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Францускиот амбасадор во Шведска: Франција е муслиманска земја

Објавено пред

Додека вербалните напади на францускиот претседател Емануел Макрон врз политичкиот ислам предизвикаа дипломатски конфликт со Турција и доведоа до протести и зачеток на бојкот на француските производи во арапскиот свет, амбасадорот на Франција во Шведска, Етјен де Гонвил, цврсто ја отфрли идејата дека постои ризик од конфликт меѓу Франција и муслиманскиот свет, пренесува „Спутник“.

Де Гонвил отиде дотаму што во интервју за шведскиот национален радиодифузер СВТ ја нарече Франција муслиманска земја.

„Прво и основно, Франција е муслиманска земја“, рече Етјен де Гонвил. „Исламот е втора по големина религија во Франција. Имаме некаде помеѓу 4 и 8 милиони француски граѓани кои имаат муслиманско наследство “, подвлече тој.

Амбасадорот истакна дека „пропагандата на Ал Каеда“ ги принудува муслиманите да извршат терористички акти, а не исламот како таков.

Кога водителот Андерс Холмберг сугерираше дека дури и муслиманите кои не се радикални се навредени од карикатуритена пророкот Мухамед, Де Гонвил возврати дека тоа е морално двосмислено прашање. Според Де Гонвил, главната тема на дискусијата е тероризмот, а не исламот, а ставањето поинаков акцент би било погрешно.

„Медиумите мора да знаат како да го решат прашањето на исламски тероризам и да не паднат во стапицата на таа идеја дека наводно ќе го навреди исламот. Исламот е многу разнолик. Оние кои сега ги слушаме зборуваат за овие радикални исламистички тимови. Не треба да им даваме поголема важност отколку што имаат. Тие се мало малцинство “, рече амбасадорот.

Професорот по историја, Самуел Пети, беше брутално обезглавен во предградие на Париз од страна на 18-годишник со чеченско потекло откако покажаќ неколку сатирични карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед за време на предавањето за слободата на говорот и слободата на совеста. Иако осомничениот беше застрелан од полицајци истиот ден, истрагата за бруталното убиство е во тек.

Грозоморното убиство на Пети ја потресе Франција, предизвикувајќи масовни протести во одбрана на слободата на говорот. Претседателот Макрон веднаш го искажа својот став, нарекувајќи го злобниот инцидент „терористички напад“, наложувајќи ѝ на својата влада да преземе чекори за искоренување на исламистичката закана и засилување на безбедноста.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ердоган поднесе кривична пријава против холандскиот десничар Герт Вилдерс

Објавено пред

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, поднесе кривична пријава против десничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, лидер на Партијата на слободата во Холандија, која е од радикалната десница, поради навредлив твит, пренесува „Анадолија“.

Во кривичната пријава поднесена од адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, до Државното јавно обвинителство во Анкара, се наведува дека Вилдерс извршил кривично дело со навредливите зборови насочени кон Ердоган кои не можат да се сметаат за слобода на говорот.

„ Осомничениот Вилдерс, во неговата содржина насочен кон нашиот прв, дирекно претседател, користеше изрази на навреда на честа и достоинството на нашиот претседател и го изврши злосторството јавно напаѓајќи ги неговата личност, достоинство и углед. Во овој контекст, бараме да се спроведе истрага против обвинетиот “, наведено е во жалбата.

Во кривичната пријава се потсетува дека според Членот 104 од Уставот на Турција, претседателот ја претставува Турција и единството на турскиот народ. Од оваа причина, иако кривичното дело е направено против лице, а не против функцијата претседател, кривичното дело навреда на претседателот не треба да се смета за кривично дело извршено против лице.

Во овие рамки, навредата на претседателот, според законодавецот, треба да се смета како навреда извршена против државата.

„Фашизмот не е во нашата агенда, туку во твојата. Социјалната правда е во нашата агенда“, рече Ердоган во неделата на состанокот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК) во источната провинција Малатија, нарекувајќи го Вилдерс фашист .

Неговите забелешки уследија откако Вилдерс, познат по својот антиисламски став, сподели на Твитер навредлива карикатура на турскиот претседател, која беше осудена од неколку турски официјални лица, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија прв пат повеќе од 1.000 новозаболени од коронавирус

Објавено пред

Од последниот извештај во Србија се тестирани примероци од 9.430 лица, од кои 1.053 се позитивни.

Во последните 24 часа починале 5 лица, со што вкупниот број на починати е 798.

На респираторни машини се приклучени 38 пациенти.

Досега во Србија се регистрирани вкупно 40.880 потврдени случаи на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија2 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука4 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија4 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион6 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион7 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет7 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет7 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа8 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија16 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет19 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија21 час

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие