Свет
Околу 200 илјади мртви на Хаити
Властите на Хаити кои беа погодени од разорен земјотрес на почетокот од седмицата во петок навечер соопштија дека најверојатно бројката загинати ќе се зголеми до двеста илјади
Силниот земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер уништи три четвртини од главниот град, пренесуваат дописниците на странските новински агенции, пренесувајќи дека се уште по улиците на престолнината Порто-о-пренс може да се видат телата на загинатите.„Досега најдовме 50 илјади трупови. Проценуваме дека бројката загинати вкупно ќе достигне меѓу 100 и 200 илјади лица, иако сметам дека никогаш нема да ја дознаеме вистинската бројка“, изјавил за Reuters, министерот за внатрешни работи на Хаити, Пол Ентони Бјен-Еме.Околу 40 илјади тела се закопани во масовни гробници, соопшти во сабота секретарот за јавна безбедност, Арамик Луи. CNN во петокот емитуваше прилог од гробиштата во Порт-о-пренс. Во кој беа снимени масовните гробници преполни со тела на загинатите и камиони кои довезуваат нови лешеви.Според проценката на бројката загинати, се претпоставува дека земјотресот што во вторник ја погоди оваа карипска, една од најсиромашните на светот, ќе биде еден од десетте со најмногу жртви во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.