Свет
Париз демантира дека протестирал до Вашингтон
Франција не вложила никакво протест кај САД заради неговото управување со аеродромот на Хаити, соопшти во сабота навечер француското министерство за надворешни работи
Со ова официјален Париз ги негира ги претходните изјави на својот државен секретар за мешународна соработка Ален Жоианде дека „официјално протестирал“ зашто во петокот не му било дозволено на францускиот авион-болница да слета на аеродромот во Порт-о-пренс, пренесе France presse. „Немаше никаков протест на француската влада зараду управувањето со аеродромот Порт-о-пренс“, изјавил портпаролот Бернар Валеро, во иемто на француското министерство за надворешни работи.„Француско-американската соработка во врска со итната помош за Хаити тече на најдобар можен начин, со оглед на извонредно големите тешкотии во врска со трагичните последици од земјотресот кој го погоди Хаити и со размерите на настанатата штета.“, додал Валеро, поранешниот француски амбасадор во Република Македонија.„Преку американската амбасада официјално протестирав кај Американците“, претходно вечерва изјави за новинарите Жоианде на аеродромот во Порт-о-пренс.На францускиот според него авион-болница му било забрането слетувањето во петокот навечер, под изговор дека авионот е пренатрупан со десетици авиони кои донесле во главниот град на Хаити спасувачки екипи и помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес. Авионот превезувал полска болница која требало да биде поставен во кругот на француската амбасада во Порт-о-пренс.Француската новинска агенција забележува дека Жоианде рекол дека неговиот протест го сторил и официјален Париз, односно минситерот за андворешни работи, цитирајќи го –„Бернар Кушнер го поддржа овој чекор“, рекол државниот секретар од Хаити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.