Свет
Владата планира да ги продаде акциите во телекомот
Владата ќе ги продаде своите акции во „Македонски телекомуникации“ доколку раководството на „Матав“, мнозинскиот сопственик на компанијата, не го почитува договорот за исплата на дивидендата, изјави Никола Поповски, министерот за финансии.
Владата ќе ги продаде своите акции во „Македонски телекомуникации“ доколку раководството на „Матав“, мнозинскиот сопственик на компанијата, не го почитува договорот за исплата на дивидендата, изјави Никола Поповски, министерот за финансии.
Реакцијата на Поповски е поради тоа што Унгарците уште не ја исплатиле првата рата од дивидендата на Владата, како што беше договорено.
– Ако раководството на таа компанија продолжи лошо да ја води компанијата, Владата ќе размисли за поинаква сопственичка структура во телекомот. Како незадоволен акционер, може да го продадеме својот удел – вели Поповски.
Тој тврди дека поради неисплатената прва транша од дивидендата, планирана до први април, Владата била принудена да ангажира други 4 милијарди денари за плати.
– Ни ја нарушија дневната ликвидност на буџетот. Бевме задоволни од најавите дека ќе се зголеми дивидендата. Ние бевме претпазливи и во буџетот предвидовме 1,2 милијарди денари само од дивидендата – изјави Поповски.
Дејан Мицковиќ, претседател на Управниот одбор на телекомот, вчера за „Време“ изјави дека „Матав“ се однесува неприфатливо. Македонските членови на Управниот одбор побарале прашањето за дивидендата да го стават на дневен ред на вчерашната седница на бордот на директорите, но Унгарците не сакале.
– Не планираме да отстапиме од она што го договорија Елек Штрауб, генералниот директор на „Матав“, и премиерот Владо Бучковски. За висината на дивидендата од 42,2 милиони евра е потпишан и договор. Не прифаќаме условувања – вели Мицковиќ.
Дознаваме неофицијално дека во „Матав“ планираат на Владата да не и дадат ниту денар од ланскиот профит.
На вчерашната седница на бордот на директорите биле разгледани финансиските извештаи, а биле назначени нови членови во одборот на директорите на „Мобимак“.
A. К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат, откако видеото од провинцијата Пенџаб на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од нејзиниот брат додека нејзиниот татко гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставник на локалната полиција Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го сокријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.