Контакт

Свет

По верските насилства во Нигерија уште 150 трупови најдени во бунари

Објавено пред

Најмалку 150 тела се извлечени од бунарите во селото Куру Карама, близу Хосе, по неколкудневните судири меѓу христијаните и муслиманите во Нигерија, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч (HRW)

„Досега од бунарите извлековме 150 тела“, изјавил претставник на HRW, додавајќи дека имаат листа на 60 лица од тоа село кои се’ уште се водат како исчезнати.Нигериските власти и организациите како Хјуман рајтс воч и Меѓународниот црвен крст и месечина се’ уште немаат конечен биланс на загинатите во верските судири, но се зборува за бројка од повеќе од петстотини, додека 18 илјади луѓе ја напуштиле областа. Пред да бидат пронајдени најновите жртви на жестоките судири меѓу христијаните и муслиманите во околината на градот Хосе, кој се наоѓа точно на средината меѓу доминантниот муслимански север и претежно христијанскиот југ на Нигерија, се зборуваше за бројка меѓу 200 и 400 загинати. Борбите траеја речиси цела седмица, при што беа запалени многу куќи, како и цркви и џамии. Нигериските власти распоредиле тешко вооружени единици во целиот регион, а командантот на полициските сили во сојузната држава Палтеа, чиј главен град е Хосу, Грегори Анијатинг заради тешката ситуација во градот прогласи полициски час.Интересно е што се’ уште не е јасно која е директната причина за последната, а се споменува еден банален случај кога муслиман сакал да ја обнови својата куќа разурната во претходните верски насилства која се наоѓала во мнозински христијанска област.  Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Нигерија е составена од  вкупно 36 провинции (држави), и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција со рекордна бројка на новозаболени

Објавено пред

Во Грција во последните 24 часа регистрирани се 2.056 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица, соопшти националната Организација за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата пријавени се 39.251 случај на зараза од кои над 4.000 во врска со пристигнување од странство, пренесе АНА.

Досега починале вкупно 626 луѓе.

Прикажи повеќе...

Свет

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Објавено пред

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден месец.

Според новите мерки, кои вечерва ги објави британскиот премиер Борис Џонсон, луѓето ќе можат да излезат од своите домови само за да одат на работа, училиште и во продавница.

Еден месец нема да работат рестораните и несуштинските продавници, а ќе останат отворени училиштата и факултетите.

Предвидено е и ограничување за патувања, кое ќе стапи на сила во четврток и ќе трае до 2 декември.

Џонсон објасни кога граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови – вежбање и рекреација на отворено, лекарски потреби, купување основни намирници и друго. Тој истакна дека Божиќ оваа година ќе биде поразличен о вообичаено.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека неговата влада не стои зад тие карикатури и дека не прифаќа оправдување на насилството.

„Можам да го разберам шкот поради карикатурата на Мухамед, но нема никогаш да прифатам да се оправдува насилство. Наша должност е да ги заштитиме слободата и правата“ рекол Макрон во интервју за Ал Џезира.

Тој појасни дека во Франција постои слобода на изразување која овозможува објава на такви карикатури.

„ Карикатурите не се државен проект, тие се производ на слободни и независни медиуми кои не се поврзани со владата“ рекол Макрон.

„ Реакциите во муслиманскиот свет се последица на еден куп лаги и фактот дека луѓето веруваа дека јас самиот ги одобрував овие карикатури (…) Јас се залагам за слобода на пишување, размислување и цртање во мојата земја затоа што сметам дека е важно, дека е исправно, дека се тоа наши слободи “, рече францускиот претседател.

„Тоа не значи дека јас лично поддржувам сè што е кажано и нацртано“, нагласи тој.

Макрон вели дека сака „смирување“ на ситуацијата, нагласувајќи дека во Франција нема стигматизација на муслиманите. Францускиот претседател тврди дека најголемите жртви на радикалниот ислам биле самите муслимани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден...

Свет6 часа

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека...

Македонија7 часа

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион7 часа

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион8 часа

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија9 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет9 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет9 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион11 час

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија14 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија14 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет14 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион15 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија15 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија15 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија15 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион16 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет18 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет1 ден

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Досие