Свет
Кина ја замрзнува воената размена со САД
Кина ќе ја замрзне воената размена со САД, како одговор на предлогот што пред американскиот конгрес го поднесе Пентагон со која на Тајван се планира да му биде продадена воена опрема во вредност од шест милијарди долари, пренесува Reuters
„Кина реши да ги суспендира предвидените размени и посети на кинеските и американските оружени сили ако одговор на планот на Вашингтон на Тајван да му продаде оружје во вредност од 6,4 милијарди долар“, пренесе државната кинеска агенција Ксинхуа.Кинеското министерство за одбрана ја донесло оваа одлука заради „лошото влијание“ на планот за продажба на оружјето врз вкупните воени односи меѓу Кина и САД:Освен тоа од кинеска страна е најавено дека ќе бидат наметнати санкции за американските компании кои му продаваат оружје на Тајван, соопштило министерството за надворешни работи во Пекинг, кое додава дека продажбата на оружје ќе се одрази и на меѓусебната соработка во поглед на ваќните меѓународни прашања.Associated Press наведува дека во кинеското министерство за одбрана во сабота никој не оговарал на телефонските повици од САД.Уште утрово во Пекинг бил викнат на разговор американскиот претседател Џон Хантсман пренесувајќи му предупредување дека овој план ќе им наштети на веќе заострените односи особено по аферата со Google кој се жалеше на кинеската цензура.Кина го смета Тајван за своја отцепена провинција која треба да се припои кон матичната земја, па притоа не ја исклучува и воената интервенција.САД го вооружуваат Тајван под клаузула за самоодбрана, билатерален договор од 1979 г. Според, што ја иритира Кина која при иста ваква продажба на американско оружје во октомври 2008 г. Ги прекина воените разговори со САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.