Свет
Педесет мртви во експлозијата во Конектикат
Педесетина мртви може да има во експлозијата во термоцентралата во Мидлтаун, изјавил за France presse, портпаролот на болницата во овој град во сојузната држава Конектикат. Тој додал дека во акцијата за спасување се ангажирани голем број спасувачи
„Објавените бројки се разликуваат, а во извештаите се зборува за околу педесетина загинати“, изјавил Брајан Алберт, вработен во болницата Мидлсекс.Eксплозијата се случила пред 18 часот по македонско време а била почувствувана во радус од 25 километри. Сведоци за американските медиуми велат дека прво помислиле дека станува збор за земјотрес, пишува локалниот весник Hartford Courant кого го пренесуваат светските агенции. Американските телевизии емитуваат снимки на кои се гледа густ црн чад над кругот на термоцентралата.Термоцентралата на компанијата Kleen Energy Systems LLC, требала да биде пуштена наскоро во работа а работела по некои информации на гас, што се наведува како можна причина за експлозијата.Полицијата потврдила дека лицата кои во моментот на експлозијата се наоѓале на местото на настанот спроведувале испитува пред скорешното почнување со работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.