Свет
СМС-порака спасила грчки турист
СМС-порака од Нов Зеланд до Грција го спасила грчкиот турист кој се загубил на планината Руапеху во Нов Зеланд
Мариос Симеонидис фотографирал на падините од најголемиот активен вулкан во Нов Зеланд, но откако водичот го напуштил, тој се загубил.Не знаејќи ги локалните телефонски броеви за помош, испратил порака до неговата фамилија, која потоа контактирала со грчките спасувачи, а тие ги алармирале колегите од Нов Зеланд.Планината Рапеху е висока речиси 3.000 метри, а грчкиот турист немал апсолутно никаква специјална опрема или храна. Дури и облеката што ја носел била премногу тенка за да ја помине ноќта на планината.Благодарение на херојските напори од четиричлениот спасувачки тим, Симеонидис бил пронајден следното утро, откако ја поминал ноќта на планината. Тој бил толку гладен, што веднаш проголтал неколку редови чоколада.Спасувачите рекле дека Гркот имал среќа што ноќта не била толку студена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.