Свет
Американскиот штит е антируски
Американскиот противракетен штит е насочен против Русија и разликите во гледиштата за тоа пречат за завршувањето на руско-американското договарање за намалување на руското нуклеарно вооружување
Началникот на рускиот здружен штаб, генералот Николај Макаров, во вторник ви Москва изјавил дека и противракетниот штит на САД чие инсталирање е предвидено во источна Европа, треба да вклучен во преговорите за нуклеарното вооружување, пренесува Interfaks. „Развојот и распоредувањето на противракетниот одбранбен систем е насочен против Руската Федерација. И покрај изјавите на некои функционери дека противракетниот штит ќе ја штити и нашата безбедност, тоа не е точно и затоа сосема се подразбира да имаме негативен став за тоа“, изјавил Макаров.Тој додал и дека планираниот американскиот противракетен штит треба да биде дел од руско-американските преговори за договор со кој ќе биде заменет START-1, Договорот за намалување на стратешкото вооружување, чија важност истече на 5-ти декември 2009 г. Associated Press коментира дека денешната изјава на генералот Макаров е досега најостра критика што доаѓа од Москва во однос на американскиот проект за градење на ракетниот одбранбен систем на европскиот континент.France Presse пишува дека оваа изјава доаѓа откако во петок рускиот претседател Дмитриј Медведев ја објави новата руска воена доктрина според која НАТО е една од најголемите закани за руската безбедност. Москва и Вашингтон најавуваа дека новиот договор ќе биде склучен до крајот на 2009-та, но преговорите и покрај неодамнешните оптимистички тонови од двете страни дека е речиси потпишан, преговорите се одолговлекуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.