Свет
Во Иран нападната сопругата на Мусави
Иранските опозициски портали објавиле дека по полициското приведување на внуката на легендарниот водач на Исламската револуција, ајатолахот Хомеини, била нападната и сопругата на опозицискиот лидер Мирхосеин Мусави
Интернет страницата преку која иранските опозициски партии го информираат светот Rahasabz, објавил дека Захра Ешраги и нејзиниот сопруг Мохамад Реза Катами, брат на поранешниот прореформски ирански претседател биел приведени во полицијата каде биле задржани повеќе од еден час. Associated Press јави дека оваа информација не може да се потврди од независни извори, бидејќи на странските новинари им е забрането да известуваат за протестите на опозицијата, кои денеска ја користат 31-годишнината од Исламската револуција за да го изразат незадоволството од владеењето на актуелниот режим на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. France Pesse јавува дека полицијата го спречила опозицискиот лидер Мирхосеин Мусави да тргне кон централниот техерански плоштад и дека полицајци во цивил ја нападнале и тепале неговата сопруга.„Мирхосеин Мусави сакал да им се придружи на демонстрантите на авенијата Азади (слобода), но бил опколен од луѓе во цивил со пендреци и полицајци за интервенции“, соопштува страницата Kalem.org.Неговата сопруга Захра Рахневард била на плоштадот Садехи и сакал да му се придружи на протестот, кога мила опколена вод лица во цивил вооружени со пендреци кои ја удирале во главата со пендреците и со боксови, дополнува сајтот. Опозицискиот сајт Rahesabz објави и дека полицајци во цивил ги нападнале возилата на поранешниот реформски претседател Мохамад Катами и на поранешниот претседател на иранскиот парламент Мехди Каруби. Од ланскиот јуни кога по контроверзните претседателски избори кога беше реизбран за претседател Махмуд Ахамдинеџад, опозицијата постојано организира големи протести, иранските власти судски ги процесуираат протестите и ги забрануваат собирите. Досега десетина учесници на опозициските протести се осудени на смртни казни кои беа неодамна извршени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.