Свет
Тензии меѓу Аргентина и Британија
Вадењето нафта што го најави Велика Британија во морето околу Малвините (Фолкландските острови) во јужен Атлантик е повод за новите тензии меѓу Буенос Аирес и Лондон кои за овие острови војуваа пред 28 години
Аргентинската влада го запре бродот „Thor Leader“ кој плови под странско знаме а превезувал цевки кои според нејзината оценка се наменети за незаконско дупчење на Малвините. Аргентинската железарница Techint која е одговорна за оваа нарачка, изјавила дека цевките треба да бидат испорачани во неколку средоземни пристаништа.
Аргентина која службено протестираше, според неа, против намерата на Велика Британија да дозволи операции на истражување и експлоатација на анфта од аргентинскиот дел на континенталната плоча. Владата во Буенос Аирес не ја исклучи можноста случајот да го предаде пред Меѓународнито суд за правдата во Хаг.
„Владата во оваа фаза нема да се отчитува за тоа“, изјави во четврток навечер, аргентинскиот министер за надворешни работи, Хорхе Тајана.
Според британските медиуми, британската компанија Desire Pеtroleum треба до крајот на февруари да го почне дупчењето 160 километри северно од Малвините кои ги сочинуваат два помали острова на 500 километри оддалеченост од аргентинскиот брег. Според некои геолошки истражувања, морето околу Малвините содржи залихи од околу 60 милијарди барели нафта. За споредба иранското нафтено поле Западна Курма -2 кое се наоѓа во провинцијата Басра и се проценува дека е најважното нафтено поле кое беше понудено под концесијата кое според проценките содржи околу 13 милијарди барели нафта. Лукоил и нејзиниот норвешки партнер Статоил АСА, Курма-2 добија право за 20-годишна експлоатација и развој со надоместок од 1,15 долари по барел, и планираат да произведуваат по 1,8 милиони барели дневно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разузнавачки извор за „Си-ен-ен“: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-Ен-Ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за Ројтерс дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел се уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час, ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини-дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, го нарече американското вето „еклатантна агресија …туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го пофали американското вето додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.