Свет
Далеј Лама не е навреден од средбата со Обама
Тибетанскиот лидер Далај Лама не е навреден од начинот на кој е организиран неговиот состанок со американскиот претседател Барак Обама.
Состанокот на Обама и Далај Лама беше од „низок профил“ и беше затворен за медиуми за да се избегне зголемување на тензиите меѓу САД и Кина, која се противеше на состанокот, обвинувајќи го тибетанскиот лидер за сепаратизам.Далај Лама изјави дека му е јасно што Обама мора да биде практичен и да води сметка за залагањето за човековите права на Тибет, а притоа да не ја навреди Кина, чија економска сила е во пораст.„Не сум разочаран. Во последните шест децении се зацврстив и не им придавам внимание на политичките гестови, туку за поважни ги сметам директните состаноци“ изјави Далај Лама.Обама и Далај Лама се состанаа во четврток во Белата куќа во Вашингтон.Кина се противи на контактите на Далај Лама со странските лидери и го обвинува дека сака да ја собори кинеската власт во Тибет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин
Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, изјави дека следната цел на рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде Балканот, пренесува „Анадолија“.
Во средата вечерта во Капитол во Вашингтон, Џонсон разговараше со новинарите за прашањето за гласање за странска помош за Украина, Израел и Тајван, а го спомена и балканскиот регион.
На прашањето од новинарите зошто е подготвен да ја изгуби работата само за да го обезбеди планот за помош, Џонсон одговори дека секогаш се труди да ја направи вистинската работа.
„Мојата филозофија е да ја направам вистинската работа. Ако дејствувам само од страв никогаш не би можел да си ја работам својата работа“, рече Џонсон и додаде:
„Историјата не суди поради она што го правиме. Ова е критично време, критично време на светската сцена. Би можел да донесам себична одлука и да направам нешто поинаку, но еве го правам она што верувам дека е вистинската работа. Мислам дека обезбедувањето правна помош за Украина е од клучно значење во моментов“.
Тој нагласи дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и Иран се „оската на злото“ и дека работат во координација на овој фронт.
„Мислам дека Путин би продолжил да маршира низ Европа доколку му се дозволи тоа. Мислам дека следниот пат би можел да оди на Балканот. Мислам дека би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, додаде Џонсон.
Тој рече дека „попрво би испратил куршуми во Украина отколку американски момци“.
„Мојот син ќе започне со Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене и за многу американски семејства“, рече Џонсон.
Американскиот претседател Џо Бајден во средата, исто така, даде силна поддршка на планот на Џонсон да обезбеди дополнителни средства за Украина и Израел.
Гласањето за пакетот помош најверојатно ќе се одржи во сабота навечер.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои освен германско државјанство имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање на воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“ во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Свет
Уште еден земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.