Свет
Сериски силувач осуден на 430 години затвор
Судот во Бруклин осудил маж на 430 години затвор за повеќе силувања, меѓу кои и едно над малолетничка
Триесет иедногодишниот Бокер Томас обвиент дека следел и силувал седум жени во лифтови, влезови од згради или во станови, главно во најсиромашните њујоршки квартови, како што е Брунсвил. Во обвинението е додадено и дека Томас по силувањето ги ограбувал своите жртви, пренесуваат во четврток американските медиуми.Судијата Винсент Делгајдис обвинетиот го опишал како „чудовиште, грабливец, патолошки насилен криминалец и социопат кој напаѓа и деца“ и го осудил на 430 години затвор. Судијата ја изрекол речиси максималната затворска казна според американските закони, а за секое силување, провала и грабеж добил по 25 години затвор. Томас кој бил откриен благодарејќи на отисоци на прстите, со ДНК анализа, искази од сведоци и снимки од видео камери, пред судот тврдел дека е невин и дека е жртва на грешка на правосудниот систем, иако по полициското испитување го потпишал признанието, забележуваат медиумите. „Не ги сторив тие злосторства. Јас не сум чудовиште, ниту сум силиувач. Пoлицијата има погрешен човек. Сфаќам дека некој мора да биде виновен, но јас сум невин“, рекол Томас на судењето. На изрекувањето нa пресудата биле присутни четири жртви, меѓу кои и една која во време на злосторството имала само 13 години. „Го мразам и му посакувам бавна и болна смрт. Сакам да знае дека Господ не му е најдобар пријател“, изјавила девојката која според пресудата Томас ја силувал во 2008 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.