Свет
Познат убиецот на Наталија Естемирова
Истрагата го открила идентитетот на убиецот на чеченската активистка за заштита на човековите права, пренесоа руските агенции, кои се повикуваат на правосудните органи убиена на 15-ти јули минатата година
Руските медиуми се’ уште немаат официјална потврдана информацијата дека е откриен убиецот на Наталија Естемирова. Изворите од правосудството на Чеченија и Јужниот федерален округ на Руската Федерација изјавиле дека истрагата го открила идентитетот на убиецот, но тој според истите не бил уапсен. Наводно, оперативците сега се обидуваат да го дознаат порачателот на убиството.„Во ова злосторство има значителна политичка нишка. Би сакале таа политичка компонента да не го попречува откривањето на убијците и порачателите на ова злосторство“, изјавил Олег Орлов, директор на организацијата „Меморијал“, сп кој работеше Естемирова беше овластен член на експертскиот совет за организација за човечките права во Руската Федерација во Чеченија и со мандат на јавната набљудувачката комисија за остварување на јавната контрола на човековите права.На 15-ти јули минатата година Естемирова, која истражуваше злоупотреби, убиства и други повреди на човековите права во Чеченија, беше пронајдена мртва неколку часа по киднапирањето. Телото на убиената беше пронајдено во близина на селото Гази-Јурт, во Насранскиот регион што на запад се граничи со Чеченија. Телото на Естемирова беше најдено со две рани од куршум во главата, во близина на автопатот „Кавказ“, стотина метри од коловозот. Претходно Естемирова била натерана од четворица мажи да влезе во автомобил, а очевидци на настанот тврдат дека таа викала оти е киднапирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.