Свет
Уште еден новинар убиен во Мексико
Мексиканскиот новинар Родолфо Ринкон кој беше грабната во 2007 г. бил масакриран и спален а неговите остатоци биле најдени во бочва, потврдиле главниот обвинител на мексиканската држава Табаско
Според информациите кои биле објавени на прес-конференција, остатоците на Родолфо Ринкон Таракена биле во многу лоша состојба што над нив не можело да се спроведе идентификација ниту со ДНК анализа. А потврдата е добиена од лица кои биле уапсени во врска со неговото грабнување по што полицијата го пребарала посоченото место и пронашла остатоци од тела на најмалку пет лица. Сите тие биле масакрирани а потоа нивните тела полеани со бензин и запалени поради што нивните идентитети не можеле да се откријат со ДНК анализа. Уапсените детално и’ признале на полицијата како новинарот бил ликвидиран, по што уследила и дефинитивната потврда за неговата смрт. Сите уапсени се припадници на еден од неколкуте нарко картели во градот Лос Зетас кој е воден од Хозе Акал Соса. Тој бил уапсен си уште неколку видни членови од картелот уште во 2007 г.., но по неодамнешното апсење на други припадници на кланот, притиснат од истрагата ги признал нивните изјави за ликвидацијата на новинарот. Ринкона е убиен заради неговите напис во весникот Hoy, во кој пишуваше за нелегалната трговија со дроги во градот Вилахермос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.