Свет
Разбиена најголемата компјутерска криминална мрежа на светот
Шпанската полиција објави дека во среда во соработка со американското FBI ја открила најголемата светска компјутерска мрежа која со „црв“ краде податоци од кредитни картички
Со вој „црв“ се заразени повеќе од 13 милиони компјутери низ светот, пренесоа шпанските медиуми.Полицијата во акцијата уапсила тројца Шпанци кои ја воделе оваа криминална мрежа наречена Матипоса (пеперуга). Преку оваа мрежа криминалците од компјутери во 190 држави извлекувале лични податоци, особено банкарски сметки без знаење на сопствениците и испраќале спамови или ги напаѓале нив незаштитените интернетски страници. „Тоа е најголемата некогаш откриена мрежа на зомби компјутер“, потенцирал полковникот Хосе Антонио Берокал, началник на единицата за технолошки криминал на прес-конференција. Заразени се приватни компјутери, но и цели системи на компании јавни институции, се дознава од извори на истрагата. На компјутер од припадник на оваа мрежа уапсена во Баскија во февруари, полицјата нашла лични податоци на повеќе од 800 илјади лица. Истражителите процениле дека само во Шпанија биле заразени повеќе од 200 илјади компјутери.Се претпоставува дека одговорена за оваа компјутерска мрежа е поситна личност која направила само прекршок со тоа што им ја изнајмувала мрежата на трети лица за криминални цели. Водачот на истрагата, наредникот Хуан Салом изјавил за шпанските медиуми дека цела среќа е што мрежата била во рацете на едно лица. Покрај тоа, се потенцира дека со оваа мрежа големата бројка заразени компјутери може да биде организиран голен сајбер напад.Мрежата Марипоса е откриена летото 2009 г. кога техничарите од канадската компанија Defence intelligence. Американското федерално биро FBI тогаш ја почна својата истрага и набрзо откриле дека Шанец може да е вмешан, по што во истрагата била вклучена и шпанската полиција .Криминалната компјутерска мрежа била координирано неутрализирана на меѓународно ниво во декември. Засега не е објавено колку пари се укриени од страна на припадниците на оваа злосторничка организација.По неутрализацијата бил изведен голем информатички напад врз спомнатата канадска компанијата за која се смета дека е одмазда од членови на мрежата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Свет
Родителите на Кејт Мидлтон се нејзиниот темел додека таа бори во најтешката животна битка
Во петокот, принцезата од Велс го шокираше светот со веста за нејзината болест.
„Таа има навистина тесен круг на пријатели, особено во Норфолк, таму има многу блиски пријатели“, изјави за странските медиуми за принцезата Кејт Мидлтон, кралскиот експерт Кејти Никол. Таа неодамна и откри на јавноста дека и е дијагностициран рак, по неколкумесечни шпекулации дека нејзината здравствена состојба не е добра, но и дека се повлече од јавноста затоа што нејзиниот сопруг Вилијам ја изневерил.
Никол појасни кој всушност претставува основа на се, во животот на принцезата.
„Нејзиното безбедно пристаниште дефинитивно се нејзините родители, братот Џејмс и сестрата Пипа. Иако не ги гледаме често на заеднички фотографии, тие речиси секогаш се некаде блиску до неа. Тие се апсолутно нејзиниот темел”, рекол тој. Со неговата изјава се согласија и следбениците на социјалните мрежи кои раскажаа како Кејт се дружела со мајка си откако дознала за тешката дијагноза, бидејќи знаела дека може да и каже такви информации, но и дека ќе добие утеха и совет. Нејзините родители ја поддржувале во веројатно најтешките моменти од нејзиниот живот.
Керол и Мајкл Мидлтон добиле олеснување кога слушнале дека ракот е откриен во рана фаза и се чувствувале безбедно бидејќи нивната ќерка е на превентивна хемотерапија.
„Кетрин ќе ги има најдобрите доктори на светот кои ќе ја чуваат, така што таа е во сигурни раце. Керол и Мајкл отсекогаш биле силна двојка и многу приземни. Она што сега го прават е да се здружат и да ја поддржуваат неа, и не само Вилијам и Кејт, туку и нивните внуци“.
Братот Џејмс испрати порака за поддршка на својата постара сестра. Тој објави фотографија кога биле деца и и посвети прекрасни зборови:
„Искачивме многу планини заедно низ годините. Како семејство, оваа ќе ја искачиме со вас.
Свет
ИДФ: 200 членови на Хамас убиени во болницата Ал-Шифа, ги евакуиравме пациентите и персоналот
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегоа од собата за итни случаи во Ал-Шифа, каде што се криеја, и отворија оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.
Во текот на борбите, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „која ИДФ ја подготви и ја постави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Кан Јунис Ал-Амал.
Војниците кои дејствуваат во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта за оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ вели дека неколку противнички оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушните напади.