Свет
Напад на Пeнтагон, тројца ранети
Вооружен напаѓач рани двајца полицајци на влез од Пентагон при што и самиот бил тешко ранет е идентификуван како 36-годишниот Џон Таприк Бедел од Калифорнија
Локалните медиуми пренесоа дека напаѓачот во 18.40 часот по локално време (пред 3 часот по полноќ по средноевропско) на влезот од Пентагон кај станица на подземната железница им пришол на полицајците на безбедносната контрола извадил пиштол и почнал да пука во нив.Полицајците не се здобиле со потешки рани. Ручард Кивил, началник на полициската служба задолжена за безбедноста на Пентагон, ги опшила повредите како површински.Напаѓачот чии мотиви засега не се познати, исто така бил ранет и тој според болнички извори бил во критична состојба и е хоспитализиран во болницата Џорџ Вашингтон.„Осомничениот дошол на влезот во Пентагон кај станицата на подземната железница во 18.40 часот. Бил моран и без емоции, посегнал со раката во џебот од капутот, извадил пиштол и почнал да пука“, изјавил Кивил на прес-коференција.Локалната телевизија NBC4 пренесува дека кај напаѓачот биле најдени 25 магацини со муниција со кои имал намера да влезе во зградата на Пентагон, во американското министерство за одбрана во која работат околу 23 илјади лица. Полициски извори рекол дека напаѓачот Бедел е виден на надзорната камера како разговара со друг маж. Полицијата е во потрага по второто лице, засега незнаејќи дали и тој е вмешан во нападот. Портпаролот на Советот за национална безбедност изјавил дека е прерано да се утврди дали се работи за напад од поединец или, пак, инцидентот е поврзан со тероризам.Претседателот Барак Обама го следел преку извештаи на FBI, изјавил помошникот портпарол на Белата куќа, Николас Шапиро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.