Свет
Земјотрес на Суматра
Во близина на западниот брег на индонезискиот остров Суматра во петок навечер е регистриран земјотрес со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер
Земјотресот се случил по 23 часот по локално време со епицентар на длабочина од 10 километри, а 119 километри југоисточно од островите Ментаваи, соопшти Националната агенција за метеорологија и геофизика на Индонезија.Нема известувања за евентуални жертви и штети во земјотресот, кој е засега последен во серијата која од почетокот на седмицата ја тресат Индонезија. Исто така, засега нема предупредување за можна опасност од појава на цунами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Наскоро ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ чијашто партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска објави дека наскоро ќе се знае со кого ќе формираат Влада.
„Одлично е чувството, 3-та победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високата излезност не и’ одговара на ХДЗ, “, изјави Пленковиќ.
„Многу наскоро ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, додека „Риека Правде“ на СДП добива 42 мандати.
Свет
Шефот на дипломатијата на ЕУ: Треба да испратиме противракетни системи во Украина
Земјите членки на ЕУ треба да ги испратат своите противракетни системи за зајакнување на воздушната одбрана на Украина додека Русија ги напаѓа нејзините градови, изјави денеска шефот на европската дипломатија предупредувајќи дека Европа не може да се потпира само на Вашингтон кога станува збор за помошта на Киев.
Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија Украина се соочува со недостиг на муниција, републиканците во американскиот Конгрес ја блокираат клучната воена помош, а ЕУ не успева да достави доволно муниција навреме.
„Имаме патриоти, имаме противракетни системи. Мораме да ги извадиме од нашите касарни, каде што се за секој случај, и да ги испратиме во Украина, каде што беснее војната“, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки на групата Г7 на островот Капри.
„Во спротивно, електроенергетскиот систем на Украина ќе биде уништен. И ниедна земја не може да се бори без струја во домовите, во фабриките, за интернетот, за сè“, додаде тој.
Украинската воздушна одбрана е клучно прашање за министрите собрани во Италија откако Германија вчера апелира до Европската Унија и НАТО да направат повеќе за да му помогнат на Киев.
„Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, но мораме да го направиме тоа бргу“, рече Борел,ж додавајќи дека жали што внатрешната политика во Соединетите Американски Држави го одложува многу потребниот пакет-помош за Украина во вредност од 60,84 милијарди долари.
„Не можеме да зависиме само од САД. Мораме да ја преземеме сопствената одговорност“, изјави тој.
Свет
Бајден за својот вујко: Го изедоа канибали
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот вујко, кој исчезна на Пацификот за време на Втората светска војна, бил изеден од канибали.
Вториот поручник Амброуз Финеган од воздухопловните сили на американската армија беше прогласен за исчезнат во мај 1944 година кога неговиот лесен бомбардер се урна во морето.
„Тој беше соборен во област во која во тоа време имаше многу канибали“, им рече Бајден на новинарите на кампањата пред Air Force One во Скрентон, Пенсилванија.
„Никогаш не го пронајдоа неговото тело, но владата се врати кога јас заминав и тие проверија и најдоа некои делови од авионот“, ја продолжи својата приказна американскиот претседател.
Неколку часа подоцна, на состанокот со членовите на синдикатот на United Steelworkers во Питсбург, Бајден ја раскажа истата приказна.
„Тој беше убиен во Нова Гвинеја и тие никогаш не го пронајдоа телото – навистина имаше многу канибали во тој дел на Нова Гвинеја“, рече 81-годишниот демократ.
Сепак, според агенцијата на Пентагон за воени зароебници и исчезнати, Финеган никогаш не бил соборен. Ниту бил во извидничка мисија, како што тврдеше Бајден.
Според официјалниот извештај за инцидентот, лесниот бомбардер „А-20 хавок“ бил на „курирско бегство“ од островот Лос Негрос кога му откажале моторите на мала височина. Авионот се урнал во морето кај северниот брег на Нова Гвинеја и двајца од тројцата членови на екипажот никогаш не успеале да излезат од остатоците што тонеле, кои никогаш не биле пронајдени. Еден човек, кој преживеал, бил спасен од брод што поминувал.