Контакт

Свет

27 загинати во експлозии и престрелки во Кандахар

Објавено пред

Четири експлозии одекнале вечерва во центарот на јужниот авганистански град Кандахар, по што се слушаат престрелки меѓу полицијата и милитанти,во кои загианле најмалку 27 лица а повеќе од 50 биле ранети

Началникот на кандахарската болница, Абдул Кајум Пикхла, изјавил дека во болницата биел донесени 27 тела меѓу кои има полицајци и цивили и  уште 52 повредени лица. Официјални претставници на ирачката полиција потврдиле дека цел на најголемиот напад бил градскиот затвор во Кандахар кој е централната област на областа која ја контролираа талибаните и каде ќе биде изведена следната голема офанзива против од страна на силите на НАТО.Репортерот на Reuters јавил дека првата експлозија се случила во близина на зградата на полицискиот штаб а втората во близина на резиденцијата на Ахмад Вали Карзaи, полубраот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој е гувернер на повинцијата Кандахар.Заменикот на началникот на полицијата во Кандахар, Мохамад Шад Фаруки, за Associated Press изјавил дека експлозиите одекнале крај еден хотел, затворот, една џамија и кај важна раскрсница во самиот центар на градот. Ахмад Вали Карзаи, кој во време на нападот бил во престолнината Кабул, потврдил дека најголемата експлозија била предизвикана во самоубиствен врз затворот, каде што се верува дека бунтовниците се обидуваат да ги ослободат затворениците.„Главната цел на нападите е затворот кој е многу добро заштитен. Се’ уште немаме информации за жртви, но тоа беше многу голема, огромна експлозија, изјавил Вали Карзаи за агенцијата.Талибаните го нападнаа затворот на периферијата на Кандахар и во 2008 г., кога ослободија околу илјада затвореници, меѓу кои талибански борци.Другите две експлозии одекнале во близина на зградата на Советот на  провинцијата. Се претпоставува дека тие биле изведени со намера да се одвлече вниманието на полицајата од затворот кој бил глвната цел. Полициски зивори до Кабул рекле дека четворица бомбаши самоубијци извеле напади во Кандахар и дека биле истрелани и неколку минофрлачки гранати кон затворот, по што дошло до пресметка меѓу напаѓачите и специјалните единици на полицијата кои биле испратени кон затворот.  Кандахар е вториот по големина град во Авганистан и честопати е цел на голем број талибански напади. Меѓународните сили предводени од САД објавија дека планираат во текот на годинава да извршат офанзива во околината на градот и пошироката област која е конторлирана од бунтовниците.Кандахар, исто така, е духовната престолнина на талибаните кои во 1990 г. го воведеа владеењето на строгите исламски закони. Кандахар е и родниот град на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, во кој живее поголем дел од неговото пошироко семејство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

До крајот на следната недела масовна вакцинација против коронавирус во Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин нареди почеток на масовна вакцинација против коронавирус во Русија до крајот на следната недела, пренесува РТ.

Лекарите и наставниците први ќе ја примат вакцината.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за обемна вакцинација, бидејќи количината на дози на веќе произведената пионерска антиковид вакцина „Спутник 5“ ќе достигне два милиони во наредните денови, рече Путин.

Русија прави неколку вакцини против Ковид-19, а за првата која е регистрирана, „Спутник V“, нејзините креатори тврдат дека е ефикасна околу 95%.

Регистрирани се 2,3 милиони случаи на коронавирус во Русија, повеќе од 25.000 случаи за еден ден од последниот пресек.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

Објавено пред

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и може да постигне најбрзи резултати до сега.

Новиот вид технологија со биочипови со сигурност детектира и најмали количини на вируси со неспоредлива брзина, што го намалува ризикот од лажни негативни резултати. Само три до пет вируси се доволни за да генерираат сигурен сигнал.

Досегашните брзи тестови за коронавирус се темелат на познати методи, кои претходно биле применети на други вируси.

Ќе бидат потребни уште неколку месеци обука додека прототипот не биде подготвен за пазарот, но истражувачкиот тим се надева дека новиот тест може да се искористи за тестирање на голем број луѓе со голема сигурност за многу краток временски период.

Во моментов се работи на усовршување на техничките детали, но бидејќи се покажа дека методот работи, веќе е поднесен патент. Покрај тоа, овој метод може да се примени на кој било друг вид вирус, соопшти Еуроком-ПР Сараево.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 7.919 новозаразени со коронавирус, 52 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.919 случаи на коронавирус од 22.069 тестирани, починале 52 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Поради тешката состојба со пандемијата на коронавирус во Србија, најавени се нови мерки. Претходно државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, рече дека се очекува утре Владата да донесе нови мерки против коронавирусот и дека тие ќе стапат на сила в петок. Тој истакна дека ситуацијата од ден на ден се влошува и тоа е сигнал за реакција бидејќи е очигледно дека постојните мерки не ги дадоа посакуваните резултати.

„Фајзер“ и „Бионтек“ денеска ќе ја достават потребната документација за регистрација на вакцината во Србија до Агенцијата за лекови и медицински помагала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија3 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија5 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија6 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија6 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија6 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет7 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион7 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет7 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион8 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија8 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет10 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет11 час

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет11 час

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет11 час

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија24 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија1 ден

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија1 ден

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Досие