Контакт

Свет

Папата не го коментираше педофилскиот скандал

Објавено пред

Папата Бенедикт Шеснаесетти во недела не сакал да го коментира новиот педофилски скандал што се рашири низ цела Европа, иако има обичај на крјот од неделните молитви да се осврне на актуелностите од изминатата седмица

dobivaj vesti na viber

Во саботата Светата столица реагираше дека се правата обиди Папата да биде вовлечен во сексуалните скандали со злоставување на децата во Германија, нагласувајќи дека тие обиде пропaднале, алудирајќи на вчерашниот напис на лондонски Times.„Последните денови некои лица упорно во Регенсбург и во Минхен бараат елементи со кои Светиот отец сакаат лично да го вмешаат во случаите на злоставување деца“, изјави портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди. Во повеќе од 20 германски католички училишта се регистрирани околу 150 случаи на сексуално вознемирување на малолетни лица од кои некои се од 1950-те години од минатиот век. Повеќето случаи, околу стотина, се случувале во училиштето во јужниот германски град Етал.Покрај лондонскиот везник, во саботата и германскиот  Sueddeutche Zeitung го доведе во поврзаност Папата со свештеникот педофил додека во 1980-те Бенедикт Шеснаесетти ја извршуваше надбискупската функција во Минхен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир

Објавено пред

Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

dobivaj vesti na viber

На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.

„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Воен авион се запали и се урна во Алјаска, загинаа две лица

Објавено пред

Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво непосредно пред падот пријавил дека авионот се запалил пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, пренесува АП.

Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радио контакт веднаш по полетувањето.

„Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром Фербенкс кога изгубија контакт“, рече тој.

Авионот полетал од Фербенкс и се урнал на околу 11 километри јужно во реката Танана, удирајќи во стрмен рид и се лизнал од насипот до брегот на реката, изгорејќи целосно. Авионот превезувал 3.200 галони (12.100 литри) мазут за Кобук, село Инупија со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од Фербенкс.

Федералната управа за авијација го идентификуваше авионот како Douglas DC-54, (DC-4), воен авион користен за време на Втората светска војна.

Прикажи повеќе...

Свет

Лукашенко: Украина наскоро ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Објавено пред

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност, пренесува Спутник.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во наркоман, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина им недостига само муниција, туку и жива сила.

Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостасува работна сила. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

Лукашенко, исто така, коментира дека Вашингтон ја интензивирал работата на проверка на подготвеноста за употреба на компонентите на нуклеарната тријада и нивната модернизација.

„Ако Русија го искористи целиот свој арсенал како одговор на акциите на Западот, ќе дојде до апокалипса“, оцени Лукашенко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија28 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија56 минути

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија1 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...